Љубителите на одличната храна, викендов ќе уживаат во Taste Ohrid 2018, настан кој ќе се одржи на повеќе локации низ Охрид. Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски истакна дека првото издание на „Taste Ohrid“ првенствено ќе има за цел, Охрид да се претстави и како гастрономска дестинација. „Среќен сум што тука се пристуни повеќе шефови на кујна кои своите знаења ќе ги пренесат и врз нашите готвачи, со што ќе придонесат кон остварување на оние две основни цели кои ги споменавме во организирање на оваа манифестација „Taste Ohrid“, а тоа се продолжување на туристичката сезона и збогатување н…
Општина Охрид и Министерството за економија на Р. Македонија наредниов период ќе реализираат проект за уредување на излозите во старата охридска чаршија и враќање на нејзиниот автентичен изглед. При потпишувањето на договорот за соработка, Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека проектот се однесува и на разубавување на чаршијата и привлекување поголем број посетители и гости од земјава и странство – Ние во во рамки на Програмата за развој на туризмот за 2018 предвидовме, после скопската, да ја прошириме оваа активност и на останатите чаршии, и тоа во соработка со општините …
Градобијната одбрана во РМ не функционира од 2008-та година. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работат на тоа да се постави сосема нова, современа и целосно автоматизирана опрема. Се очекува до 2019 на 181 точка низ Македонија да се постават системи за заштита од град. Од Управата за Хидрометеоролошки работи на РМ пак, велат дека станува збор за одлука која треба да се однесе заеднички, без брзање. Меѓутоа ќе одлучиме сите, бидејќи не е толку едноставно. Западноверопските земји немаат градобијна заштита, повеќе ја користат источните земји така да ќе ги види…
Со свечена програма што се одржа денеска во големата општинска сала започна одбележувањето на 11 Октомври Денот на народното востание. Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор. Во сите периоди на своето опстојување, Охрид бил дел од историските настани кои ја одредувале иднината на македонскиот народ, испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и неспорниот придонес во градењето на европската цивилизација, истакна во своето обраќање пред присутните градоначалникот Јован Стојаноски. „За многу одлуки во животот потребна е храброст. Но, најголема е храброст…
Во Охрид и Струга каде нема аптека со 24 часовно работно време, Приватните здравствени установи аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, спроведуваат дежурства на повик или се во состојба на готовност. Граѓаните меѓутоа реагираат дека ваквата состојба за нив претставува проблем, зошто понекогаш се проморани да чекаат до наредниот ден. „Во секој случај мислам дека пациентите имаат потреба од тоа. Лично јас ми се случило да излезам навечер и да барам аптека и секаде да е затворено. Ќе чекаме до наутро, ќе трпите“, реагираат граѓаните. „Треба да …
Ученици, родители, наставници од ОУ „Григор Прличев“ со дводневен хепенинг се обединија заедно кон иста цел: грижа и еднаквост. По иницијатива на Советот на родители во соработка со директорот, стручната служба, наставничкиот кадар, Ученичкиот парламент и родителите беше реализиран проектот РЕТКОСТА ИНСПИРИРА.
Беше одржан хепенинг во училишниот двор насловен „Петка во боја“ во кој учествуваа децата со музички точки и родителите кои ги обоија своите дланки и оставија отпечаток на ѕидот на училиштето.
Сашко Георгиески – Претседател на Совет на родители
Само за 5% од ретките болести има…
Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, домаќини на состанок со претставници од невладини организации од Србија, Хрватска, Португалија, Италија и Словачка.Станува збор за почетна активност во рамките на Erasmus plus проектот “3Е – It’s time to act”., чијашто цел е зајакнување на претприемништво и вработливост кај младите луѓе, со помалку можности. Една од главните активности за спроведување на проектот е реализацијата на младинскиот камп кој ќе се одржи на почетокот на месец декември во Охрид, на кој учество ќе земат 40 млади и младински работници од погоре наведени…
Иако покажаа одлична игра, ракометарите на ГРК Охрид синоќа беа поразени на домашен терен од Вардар со резултат 29-31, во рамки на третото суперлигашко коло.
Најефикасни во составот на охридските ракометари беа Шилегов и Додиќ со по шест гола, Милошевиќ со пет, а Тасески со четири.
ГРК Охрид во моментов се наоѓа на четвртата позиција со 6 бодови. Во следното коло „Гладијаторите“ играат со Радовиш, на гостински терен.