Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.
Овој извештај нуди анализа на работата на единиците на локалната самоуправа во однос на принципите на транспарентност, свесност, пристапност и интегритет. Допо…
Престојните празници ќе донесат многу гости во Охрид и Струга. Најбројни и оваа година ќе бидат гостите од Србија и Бугарија, но ќе има и од Албанија, Грција и западноевропските земји. Туристички работници задоволни од најавената посетеност. Најголемиот број хотели и приватни апартмани се веќе резервирани.
Исполнетоста е добра и тоа е показател дека цените на хотелите и рестораните се коректни. Е сега има некои гости на кои им се високи, а има и такви на кои им се ниски. Но, ако аранжманите се добро продадени тоа значи дека се коректни, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
Хотелите …
Д-р Константин Георгиески е нов вршител на должност градоначалник на општина Охрид. Георгиески функцијата ќе ја обавува до распишување на предвремените локални избори кои најверојатно ќе се заедно со претседателските на пролет. По прераната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и запазување на законската простапка Советот на општината пристапи кон избор на вршител на должност. Константин Георгиески како досегашен заменик градоначалник беше предложен и избран од охридските советници. Не сум среќен и задоволен што во вакви околности сум избран за градоначалник, но ветувам дека целосно ќе с…
Поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, денес заврши законската постапка за избор на в.д градоначалник.
На вонредната седница на советот на Општина Охрид што се одржа денеска, Константин Георгиевски инаку координатор на советничката група на СДСМ од Охрид со 15 гласа „За“ е избран за вршител на дејност градоначалник на Општина Охрид.
после смртта на градоначалникот Општина Охрид испрати известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локалн…
ЈП Билјанини Извори, поради веќе познатите причини, ја известува јавноста дека големата новогодишна забава за деца со наслов „Новогодишна детска бајка” која требаше да се реализира на ден 26 (среда) се откажува.
“Новогодишната детска бајка” како социјално забавен настан во соработка со ЈОУДГ Јасна Ристеска, здруженијата за лица со попреченост, основните школи од Охрид и ОСУ Св. Климент Охридски имаше за цел да ги сплоти сите охриѓани посебно децата и ранливите категории на граѓани како желба и визија на покојниот Градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски кој воедно беше и покровител на цели…
Корпите за смет кои беа вандализирани викендов се повлечени со цел ако може да се санираат. Контејнерите се вратени во првобитна положба, а отпадот е расчистен. Урбаната опрема вчераутро беше мета на несовесни граѓани кои дивееле и вандалски се однесувале во центарот на Охрид. Превртиле, искршиле и уништиле контејнери и корпи за смет, а отпадот го расфрлале насекаде по градскиот кеј и по улицата „Македонски Просветители“. И контејнерите по улиците „АСНОМ“, булевар „Туристичка“, „Егејска“ и „7-ми Ноември“ се превртени, а отпадот бил расфрлан по коловозот, тревните површини и пешачките патеки…
Со собир вработените од НП Галичица утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата. Решиле да излезат на мирен протест веднаш штом ја дознале веста од некои медиуми. Во текот на денот добија и официјална потврда за смената на Бојаџи. Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица.
„ Да се смени човек кој за многу кратко време го обезбеди она што досега не…
Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, традиционално, крајот на годината го обележува со предновогодишна средба на сите деца кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во овој центар.
Тоа е можност децата од сите групи и нивоа на БОБ програмата, но и оние кои ја завршиле оваа програма, да се дружат и забавуваат, а воедно и да ги разменат своите искуства и впечатоци од настапите на државниот и меѓународните Бреинобреин натпревари во 2018 година. Сите деца си разменија меѓу себе новогодишни подароци, а подароци добија и од тренерите во БОБ-Црвен крст Охрид цента…