Од на пролет па до на есен додека е убаво времето на улиците во голем број се присутни мотоциклистите, а со тоа и проблемите поврзани со оваа категорија учесници во сообраќајот.
Во доцните ноќни часови, се забележува голема бучава од мотоцикли (мотори) кои ги возат млади луѓе. Бучавата доаѓа оттаму што тие заради мода или престиж ги турираат своите мотори со цел да предизвикаат што поголема бучава. За таа цел, некои дури го отстрануваат и ауспухот од својот мотор затоа што тој ја пригушува бучавата. Сведок сум на ноќни тури на бучни моторџии кои понекогаш не запираат по цела ноќ – пишува…
НУ Завод и Музеј од Охрид со низа проекти ќе продолжи во заштита на културното наследство. Се подготвуваат проекти со кои ќе аплицира до ресорното министерство. Меѓу бројните проекти акцент е ставен на три значајни проекти. Од нив два објекти се прогласени со Решение за културно добро во опасност, а станува збор за Св. Богородица Челница и Римската бања на Плаошник. Ќе се работи и на започнатиот проект за ревиталзиација на Самоиловата тврдина, информира Елеонора Новаковска, директор на НУ Завод и Музеј.
„ Ќе добиеме средства од Министерството за култура за да го реализираме проектот. Акцен…
Сите граѓаните кои не се регистрираа до 31-ви декември минатата година во системот на Управата за јавни приходи за персонален данок, ќе може тоа да го направат и во текот на оваа година.
Од Управата велат дека целта не е да казнуваат, па нема да вратат ниту еден граѓанин кој сака да се регистрира, но не се пријавил на време. Даночниците ќе се обидат да стапат во контакт и со тие кои воопшто не покажале интерес.
– До 31.12.2018 година се регистрирани над 650.000 граѓани, но тоа не е конечната бројка. Задоволни сме од одзивот на граѓаните, кој е речиси 100 процентен. Системот е отворен и се…
Антонио е првото бебе родено во новата година во Охрид. Денес вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески го даруваше новороденчето со вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, упатувајќи и` честитки на дваесетгодишната мајка Софија Бимбилоска, на која ова и е прво дете.
Искрено упатувам честитка до среќното семејство Бимбилоски за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2019 година. На малиот Антонио му посакувам добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина, нема човек кој не се разнежнува кога ќе слушне ваква убава ве…
Центарот за спасување на планина организира обука за спасители . Пријавени се педесетина алпинисти и планинари од Охрид, Ресен, Вевчани, Струга и Дебрца. За едукација се задолжени инструктори од Алпинистичката Федерација на Македонија. По завршување на стручните обуки тие ќе бидат дел од логистички тим за интервенции во ризични ситуации на планина. Центарот за спасување кој во моментов брои петнаесет обучени алпинисти ќе се засили со нови членови. Се очекува Центарот во новиот објект да биде во функција до крајот на месец март. Во охридскиот алпинистички клуб има 20 -тина членови, но голем …
Охридскиот плоштад полн со посетители за организираниот дочек на Нова 2019 година. Температурата на воздухот која беше под нулата не ги попречи посетителите најлудата новогодишна ноќ да ја поминат на забава на отворено. Охриѓани и гостите во весела атмосфера на градскиот плоштад ја испратија старата и ја дочекаа новата година и си посакаа желби во новото лето.
За забавувата на плоштадот се погрижија охридски музичари и бендови. Ѓоко Танески, Жармена, Бетис бупс, Бекдор бенд и диџеј Петар се погрижија за загревање на новогодишната атмосфера и незаборавна забава за посетителите.
„ Изненаден…
Од одделението за итна медицинска помош велат дека изминатата празнична ноќ поминала невообичаено мирно. ОСвен неколку пијани лица и повредените во тепачката, други посериозни интервенции немале. Др. Ана Неделкоска, началник на одделението, вели дека според нивното искуство, најмногу интервенции се очечкува да имаат вечерва.
„Претходната ноќ беше релативно мирна, имавме хронични пациенти, неколку пијани лица, една тепачка, воглавно беше мирна вечер. Се надевам дека и наредните денови ќе бидат мирни како таа“.Обично втората вечер имаме најмногу работа, претходниве години, првата вечер беше …
Утрово од СВР Охрид информираа дека во Охрид за време на новогодишната ноќ, регистрирано е само едно нарушување на јавниот ред и мир.
Станува збор за инцидент кој се случил во 4.30 часот пред казино на улицата „Партизанска“, во кое учествувале седум лица. Во тепачката две лица се здобиле со повреди, по што им била укажана лекарска помош.
Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид информира дека екипа на СВР веднаш интервенирала на местото на настанот, при што учесниците во инцидентот се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Димижоски додадва дека во Охрид, како и на цело…