Сеп 27, 2021

Од полноќ поевтинуваат бензините, поскапува дизелот

Од полноќ се зголемува цената на Еуродизелот, а бензините поевтинуваат. – соопшти Регилаторната комисија за енергетика. Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар. За исто толку пак, поскапуваат Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Се зголемува цената на мазутот М-1 НС за 0,599 денари за килограм. Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 72 денар/литар Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 74 денари/литар Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 63 денари/литар Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 65 денари/лит…

Јан 29, 2019

ВО ОПШТИНА ОХРИД КОНТИНУИРАНО РАСТЕ НАПЛАТАТА НА ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА

Мерките што ги презеде Општина Охрид за развој на туризмот во изминатиот период даваат резултати.Приходите на наплатата на туристичката такса во буџетот на Општина Охрид континуирано растат. Секторот за туризам и ЛЕР врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2018 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 14% во однос на 2017 година. Во Општина Охрид наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2018 година изнесува 21.236.895 денари, доде…

Јан 29, 2019

Нови уписи за БОБ програмата

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Сите заинтересирани можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа п…

Јан 28, 2019

Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта секојдневно се одронува

Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, потенцијална опасност за минувачите и за учениците во училиштето Св. Климент Охридски. Големи камења секојдневно се одронуваат од овој ѕид за кој и не се памети кога бил изграден. Мештаните во повеќе наврати реагирале до надлежните институции, но сите одговорноста си ја префрлале од еден на друг. Едни велат дека овој ѕид бидејќи е во атарот на црквата таа треба да го санира. Други пак тврдат дека тоа треба да го стори Локалната. Мештаните се обратиле и до инспекциските служби. Јас искрено да ви кажам не знам како службите кому…

Јан 28, 2019

Охрид и оваа година очекува да расте трендот на туристичка посетеност и реализирани ноќевања

Општина Охрид се надева на успешна туристичка жетва и оваа година. Од статистичкиот извештај на Државниот завод за статистика се гледа дека за десет месеци во минатата година биле реализирани над 960.000 ноќевања и над 260.000 посети. На домашните гости од овие показатели отпаѓаат над 100.000 посети и 540.000 ноќевања. Од Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР) очекуваат преку настапите на туристичките саеми и останатите туристички промоции да продолжи трендот на раст на странски и домашни гости на охридското крајбрежје и дека ќе го надмине бројот од еден милион ноќевања. „ С…

Јан 28, 2019

28 дена од месец февруари со 28 ретки дијагнози

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена, од здружението „Живот со предизвици“ ќе се обидат да ја запознаат јавноста со ретките болести во Република Македонија. Ќе се направи обид да се осознаат предизвиците и проблемите со кои се соочуваат лицата кои страдаат од овие заболувања, како и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите? Лолеска Гордана и „Живот со предизвици“ овој февруари ќе се обидат да …

Јан 28, 2019

УСПЕШЕН НАСТАП НА ОХРИДСКИТЕ ШАХИСТИ НА ТУРНИРНИРОТ ВО БИТОЛА

Под покровителство на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ , на 26 и 27.01.2019 година во Битола се одржа шаховски турнир во единаесет кола со темпо на игра 20’+10” . На турнирот учествуваа 83 млади шахисти од Република Македонија, од кои 12 од Шаховскиот клуб „ Ласкер“од Охрид. На турнирот членовите на ШК „ Ласкер“ освоија три медали. Во категорија U12 Јулијан Матески освои бронзен медал, во категорија U14 Константин Лушески освои златен медал кој воедно беше и шестопласиран во конечниот пласман на целиот турнир, а Иван Велкоски освои сребрен медал.

Јан 1, 2022

Нуркачите од „Акватек“ 2022 година ја дочекаа под вода

Новата 2022 година нуркачите од „Акватек“ ја дочекаа под вода. Го дочекавме огнометот, чукна 00:01 и зануркавме. Нуркањето траеше 40 минути на температура од 8°С. Целта беше да пратиме порака за максимална заштита на езерото, а воопшто и водите во Македонија. Чувајте ја водата, живот е. Во иднина сакаме прослава без огномет, без барут. Денес имаме толку многу развиена технологија што одма може да се најде соодветна замена за истиот. Треба да имаме поголема почит кон животните и животната средина, вели Никола Паскали. Подводниот еко Дедо Мраз и годинава со голема еколошка акција за ч…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top