Општина Охрид во заедничка соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, учествува на една од најголемите меѓународни изложби за туризам на источен медитеран, во Истанбул, Турција.
Туристичките потенцијали на Македонија и Охрид како најпознат туристички центар, почнуваќи од 31.01 до 03.02.2019, ќе бидат претставени на една од петте туристички изложби ширум светот и на водечки туристички настан во Турција, саемот за туризам “East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition- EMITT”. Во обиколката на саемот, министерот за култура и туризам на Турци…
Подготовките во Охрид веќе ги започнаа амбициозните второлигаши Струга Трим Лум и Лабуништа, а допрва ќе доаѓаат останатите македонски клубови и најдобрата женска репрезентација.
За жал поради студеното време и големата количина на снег која заврна во Охрид и околината екипите кои беа први најавени го откажаа доаѓањето. Но сепак ние имаме клубови кои го одбраа Охрид како град и нашите терени како место за подготовки. Покрај македонските клубови Ренова, Брегалница, Силекс и Борец во Охрид ќе престојува и најдобрата женска репрезентација во фудбал.
Од странските екипи во Охрид ќе дојдат Мет…
Со оглед на тоа дека во месец април истекува четири годишниот мандат на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид во овој состав, оттаму до локалната самоуправа доставена е програма за работа на телото за периодот јануари-април 2019 година. Целта на програмата е унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, едукацијта на сите учесници, подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот и намалување на сообраќајните незгоди истакна М-р. Стефан Димоски, претседател на ОСБС. Димоски задоволен од соработката на советот со сотанатите институции и установи од град…
Јавноста упати критики за начинот на кој беше санирано уличното осветлување на улицата Питу Гули, а за кое реагираше наш гледач во рубруката „Ти си твојот град“. Коментарите се однесуваа на импровизираната поправка на столбот кој беше обвиен со самолеплива лента. Од ICS системи компанијата која се грижи за јавното осветлување, кои се во јавно приватно партнество со општина Охрид, информираат дека тоа било привремено решение. Веднаш ја отстраниле лентата, но куќиштето на приклучокот морале да го врзат со жица затоа што не можел да се затвори со штраф за бетонскиот столб. Укажуваат зошто при…
Исплатата на обврските кон 70 доверители на кои општина Охрид им должи 470 милиони денари основен долг и уште толку за камати треба да заврши кон крајот на месец јунни. Охрид како најзадолжена општина во државава има можност, со најавената помош од Владата, конечно финансиски ќе може да се консолидира. Општината доби на располагање неповратни средства во висна од 495 милиони кои до 30 јуни оваа година треба да им бидат префрлени на сметка на доверителите кои сумирано со камати имаат побарувања од околу 940 милиони.
Константин Георгиески, в.д градоначалникот на општината, вели дека сега сле…
Набавени седум комунални возила за потребите на ЈП Охридски комуналец. Современите возила се обезбедени од Локалната самоуправа со кредитна линија од Светска банка во вредност од 450.000 евра. Покрај овие возила , лани беа набавени уште 5 возила од истата кредитна линија со грејс период и исплата од февруари 2018 година, напомена на денешната презентација в.д градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески истакна дека ова е неопходна модернизација на претпријатието, а локалната самоуправа покажува дека работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи со инвестиции во јавните претрпијатија и …
Претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска ја свика дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 05.02.2019 година (вторник) со почеток во 11.00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
На дневниот ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат 70 точки меѓу кои најголем дел се предлог одлуки за донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправн изградените објекти во охридските села. На дневен ред ќе се најде и Планот за изменување на годишниот план за вработување за 2019 година.
На седницата градските …
Со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, изминатиов викенд охридската полиција спроведе поинтензивни акциски контроли. Поради управување со моторни возила под дејство на алкохол, прекорачување на брзината на движење, беа исклучувани лица од сообраќајот, а беа и одземани возачки дозволи.
„Една од главните забелешки е дека имаме мал пад на бројот на возачи кои управуваат со моторни возила под дејство на алкохол. Во оваа последна акциска контрола спроведена викендот, беа забележани два …