• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И СТРАНСТВО ПРИСТИГНУВААТ НА ЗИМСКИ ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД

ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И СТРАНСТВО ПРИСТИГНУВААТ НА ЗИМСКИ ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД


Подготовките во Охрид веќе ги започнаа амбициозните второлигаши Струга Трим Лум и Лабуништа, а допрва ќе доаѓаат останатите македонски клубови и најдобрата женска репрезентација.

 |   | 

Подготовките во Охрид веќе ги започнаа амбициозните второлигаши Струга Трим Лум и Лабуништа, а допрва ќе доаѓаат останатите македонски клубови и најдобрата женска репрезентација.

За жал поради студеното време и големата количина на снег која заврна во Охрид и околината екипите кои беа први најавени го откажаа доаѓањето. Но сепак ние имаме клубови кои го одбраа Охрид како град и нашите терени како место за подготовки. Покрај македонските клубови Ренова, Брегалница, Силекс и Борец во Охрид ќе престојува и најдобрата женска репрезентација во фудбал.

Од странските екипи во Охрид ќе дојдат Металац, Јавор Ивиња, Младост Лучане и уште две албански екипи кои се уште не го имаат потврдено точниот термин. – изјави директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.

Најдобрата женска репрезентација во фудбал во Охрид ја започна подготовката за квалификациите за пласман на Европското првенство. „Црвено жолтите“ противниците во фазата по групи ќе ги добијат на 21 февруари во ждрепката која ќе се одржи во Швајцарија, а квалификациите започнува во септември.

Во Охрид ќе одработиме седумдневни базични подготовки. Нема да форсираме, бидејќи само што почнаа клупските подготовки и не сакаме да и наштетеме на некоја екипа во случај на повреда или слично. Се собираме прв пат во Новата 2019 година и сакам да видиме на што треба да посветиме повеќе внимание. – изјави селекторот Кирил Изов.

Селекторот додаде дека А селекцијата поминува низ фаза на подмладување и се прави костур кој долги години треба да биде столб на репрезентацијата.

Во недела и среда селекцијата ќе одигра меѓусебни тест пресметки, а во март и мај силите ќе ги одмери со други репрезентации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top