Четири години успешна работа на ОСБС од Охрид

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид до локалната самоуправа достави програма за работа за периодот јануари-април 2019 година. Програмата предвидува реализација на повеќе кампањи насочени кон сите целни групи со посебен осврт кон ранливите категории учесници во сообраќајот. Целта е унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, едукацијта на сите учесници, подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот и намалување на бројот на сообраќајните незгоди.

 |   | 

Со оглед на тоа дека во месец април истекува четири годишниот мандат на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид во овој состав, оттаму до локалната самоуправа доставена е програма за работа на телото за периодот јануари-април 2019 година. Целта на програмата е унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, едукацијта на сите учесници, подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот и намалување на сообраќајните незгоди истакна М-р. Стефан Димоски, претседател на ОСБС. Димоски задоволен од соработката на советот со сотанатите институции и установи од градот.

„ОСБС како советодавно тело, беше исклучително позитивен и инвентивен во делот на давање на предлози до локалната самоуправа, заподигнување на безбедноста на сообраќајот. Согласно годишната програма за работа реализирани се низа проекти и кампањи кои беа насочени буквално кон сите учесници во сообраќајот и кон сите целни групи мод 7-77 години“, кажа истакна М-р. Стефан Димоски, претседател на ОСБС.

Во програмата, се најде и мерката за смирување на сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, со поставување на т.н. вибрациони ленти. На овој сообраќаен правец, поточно на потегот кон населбата „Мегдани“ и „Хидробиолошкиот завод“, советот предложи поставување на челични одбојни огради како неоходно сообраќајно решение за намалување на бројот на сообраќајни незгоди кои тука знаат да бидат и со фатален исход Предложена е и реконструкција и обновување на постојните велосипедски патеки, изградба на нови вело патеки и поставување на велосипедска сообраќајна сигнализација на постојните велосипедски патеки но и на локалните и регионалните патишта. Изградбата на кружните токови беше предизвик и за учесниците во сообраќајот, но и за советот.

„Направивме пунктови, со сообраќајната полиција од СВР Охрид и во таа конотација да ја подигнеме безбедноста во смисла да ги едуцираме сите оние кои можеби заборавиле како треба да се управува на кружен но и оние коишто се нови возачи и на кои секако им е потребна едукација“, потенцира истакна М-р. Стефан Димоски, претседател на ОСБС.

Димоски објаснува дека после спроведувањето на сите овие активности, значително се намалил бројот на сообраќајаните незгоди кои се случувале на кружните крстосници. Од советот со препорака дека е потребна анализа на постојната состојба на сообраќајната инфраструктура наменета за велиосипедисти (снижени тротоари и обнова на коловозната конструкција), но и поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на постојните велосипедски ленти но и на регионалниоте патишта Охрид-Св.Наум и Охрид-Струга. ОСБС реализира околу 150 едукативни проекти и кампањи за сите учесници во сообраќајот, меѓу кои „Како возиме на кружен“, „Детски семафор“, „„Вози трезвен-стигни жив“, , „Безбедно вози-без алкохол вози“, „Мобилниот не е попаметен од тебе“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top