Сеп 30, 2021

Георгиески : Носечки проект ќе биде „Урбана култура“ во Охрид

Низа инфраструктурни зафати, чија цел е градот да добие функционално решение за централното подрачје, најави кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Тој кажа дека станува збор за проект “Урбана култура“ како еден од носечките проекти на кој посветено ќе работат во претстојниот период, доколку ја добијат довербата на охриѓани. Почетна точка за реализација на проектот е реконструкција на плоштадот „Чинар“ заедно со пешачката улица „Гоце Делчев“ кои наскоро ќе добијат комплетно нов и современ лик.Реконструкцијата предвидува за…

Мар 18, 2019

„El mètode Grönholm“ повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид

Најпоставуваниот современ шпански текст “Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид. Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? Преку интензивните трилер ситуации се игр…

Мар 18, 2019

Се чистат јавните површини на „Марко Цепенков“ и „Ристо Чадо“

Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат акции за расчистување и подигнување на расфрлан ситен и кабаст отпад од јавните површини. Во текот на вчерашниот ден се расчисти тревната површина во близина на Ј.З.У.„Општа болница„-Охрид по ул.„Марко Цепенков„ каде несовесни поединци расфрлале најразновиден градежен отпад од уредување на домовите, пластични амбалажа и други видови отпад. Денеска акцијата се реализира на ул.„Ристо Чадо“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ до „Стобекс“.

Мар 18, 2019

ОСТВАРЕНИ ЗНАЧАЈНИ СРЕДБИ НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО ЗАГРЕБ

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески во рамки на саемот, оствари повеќе значајни средби со важни личности. Тој се сретна со министерот за туризам на Хрватска, Гари Капели, со кој размена мислења за туристичката промоција и туристичката понуда, како и за преземањето конкретни чекори за остварување на соработка и поврзување помеѓу двете држави. На средбата беше договорено министерот, Гари Капели, за неколку месеци да дојде во посета на Охрид, по што би се официјализирала соработката. Во таа насока, в.д. градоначалникот оствари средба со претставници на хрватскиот авио …

Мар 15, 2019

Балканските кујни заеднички на светскиот туристички пазар

Со понуда на вкусните национални јадења  Македонија,Хрватска,  Бугарија и Грција   ќе привлекуваат туристи. Старите традиционални рецепти се покажаа како магнет за туристите, кои трагајќи по нови вкусови одбираат неоткриени гастрономски дестинации. Токму ова е дел од проектот што деновиве се одржа во Охрид. Професори и студенти  од македонски,хрватски,  бугарски и грчки универзитети подготвуваа вкусни специјалитети преку кои заеднички ќе  развиваат  гастро туризам. „ Од овој проект во изминатите 30 месеци потрошени се скоро 190 000 евра. Беа изработени осум работилници на кои што присуству…

Мар 15, 2019

Охридските крводарители добија плакети и благодарници

Охридскиот кровдарител Борче Матески е добитник на плакета од ОО ЦК за 50 пати дарувана крв. Матески е крводарител од својата 16 година. Тој порачува крводарувањето е хуман чин со кој се спасуваат човечки животи , а тоа нема цена. „Веќе 40 години дарувам крв повеќе од 50 пати. Чувството е големо и хумано. Се молам да имаме здравје и ние што даруваме крв и на тие што се болни и им е потребна крв“, вели Матески. Порачува младите да се вклучат во хуманото семејство на крводарители затоа што никој не знае кога ќе има потреба од оваа скапцена течност за луѓето“. ОО на Црвен Крст – Охрид традиц…

Мар 15, 2019

Уредена дворната површина од поранешната касарна

По налог на локалната самоуправа екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ изминатиов месец беа ангажирани во расчистување на просторот на поранешната касарна „Генерал Михајло Апостолски“. Се уредуваше дворната површина од касарната, пристапните патеки, полигонот и целиот реон со кој касарната граничи.Отстранета е дивата и неуредна вегатација која подолг период се ширела во дворот од касарната. Уредени се крошните од дрвјата , отстранети се сувите гранки и деградирани стебла. Исчистен е полигонот од ниска вегетација и искосена тревната површина. Подигнат е расфрланиот ситен и кабаст отпад во рео…

Мар 15, 2019

Во Охрид и Дебрца има аларамантен пораст на пожари во првите три месеци од годинава

Се бележи загрижувачки пораст на пожари во Охрид и Дебрца. Охридските пожарникари во првите три месеци од оваа година имале 137 интервенции кои завршиле успешно. Големиот број на интервенции во првото тромесечие од 2019 год. се највисоки во последните 14 години. Во најголем број пожарите се резултат од невнимание и непочитување на законските одредби, информира Спасе Прентоски командир на охридската ТПЕ. Неодговорно се палат стрништа на земјоделски површини во селата во Дебрца за време на викендите, а продолжува и немарноста на граѓаните за редовно чистење на оџаците и ќумците, споделува Пре…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top