Апр 1, 2019

Обврска на станоиздавачите да ги дезеинфицираат своите капацитети

Центарот за јавно здравје од Охрид ги потсетува и повикува сите даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија при Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги. – Одлуката е во рамките на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на Велигденските празници кога се очекува поголем број гости да ги посетат Охрид и Струга, како и за претстојната туристичка се…

Апр 1, 2019

ДИРЕКТОРОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПИТЕР РАЈТ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Во рамките на Програмата за спикери на Амбасадата на Соединетите американски држави, во работна посета на Општина Охрид, денеска беше директорот на Американскиот центар за претприемништво Питер Рајт. На средбата со охридските бизнисмени и претставници на Локалната самоуправа, чиј домаќин беше претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, се разговараше за можната соработка со оваа реноморана институција во проектите за развој на претприемништвото.

Апр 1, 2019

Прекин на водоснабдувањето во Пештани

Од МЈП Проаква Водовод Охрид утрово не информираа дека поради интервенција на водоводната мрежа, денес, понеделник, ќе има прекин во водоснабдувањето во Пештани. Поради обемноста на зафатот прекинот ќе трае до 14 часот.

Мар 29, 2019

Заев во Охрид на средба со хотелиерите и занаетчиите

Премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска по охридската чаршија  посетија неколку охридски дуканџии.Зборуваа за условите за работа и поддршката од владата на чаршискиот еснаф. Економските политики на владата ќе ги поддржат семејните бизниси и занаетчиите за зголемување на нивниот профит. Најголемо значење во подобрувањето на бизнис климатаспоред Заев  има олабавувањето на казнената политика. Глобите за малите фирми се намалуваат за 60 %  , а пред глобата може да се изрече опомена.  „Се менува казнената полтика која што во минатото беше репресивна и служеше за п…

Окт 1, 2021

Клубот на млади при Црвен крст Охрид во недела ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“

Во рамки на одбележување на Неделата на млади 1-7 октомври, младите од Клубот на млади при Црвен  крст Охрид на 03.10.2021 г., недела, во периодот од 12 – 14:30 ч. на платото пред Центарот за култура „Григор  Прличев“ под мотото „Нашата приказна продолжува со тебе“ ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“, на кој  преку  најразлични  едукативни  работилници  и  перформанси  ќе  се  поттикнува  хуманоста  и  креативноста  кај  младите.  Посетителите на овој јавен настан ќе имаат можност да учествуваат на работилница за танц, да бидат дел од  изработката  на  графит-мурал  на  зид  кај  Цента…

Мар 29, 2019

Предизборието за премиерот е сензитивен период за да се решава за Али Пашината џамија

Решение за нелегалните градежни активности на Али Пашината џамија  ќе се бара после изборите. Премиерот Зоран Заев денеска од Охрид, уште еднаш порача дека законите во државата треба да се почитуваат, но додаде дека решенијата за ваквите проблеми како спорната реконструкција на џамијата и изградбата на 32 метарското минаре треба да се бараат со меѓусебна почит и разбирање во рамките на религиската разноликост како богатство. „Знаете дека одржав средба со здружението Совест, одржав средба и со Дирекцијата на вакуфите што е одговорна за изградбата. Точно е дека постои Конзерваторско решение з…

Мар 29, 2019

Стабилна политичка состојба за подобри резултати на македонската берза

Стабилна политичка состојба за подобри резултати на македонската берза, беше една од пораките која се упати од 20 годишната конференција на АД Македонската берза. На конференцијата учествуваше и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , а се обратија и извршниот директор на АД Македонска берза, Иван Штериев и директорката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Нора Алити. Македонската берза и пазарот на капитал се значаен дел од економското функционирање на нашата земја и се исклучително важни за раст и развој на економијата и комп…

Мар 29, 2019

Жители од населбата Исток реагираат надлежните дозволуваат да се гради куќа со спорна висина

Во населбата Исток која се наоѓа над х.Гранит се гради куќа која го попречува видикот на Охридското Езеро на три семејни куќи, реагираа на прес конференција Алан Роу, англиски државјанин и Данчо Аврамоски од Охрид. Тие упатија обвинување за урбан хаос, со кој надлежните институции дозволиле без правосилно и конечно решение пред нивните домови да се гради објект со висина од 13,5 метри. Во мај минатата година, жителите чии имоти се загрозени од нелегалната градба, вложиле приговори на решението за реконструкција и доградба издадено од секторот за урбанизам. Се жалеле и до Министерството за т…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top