Стабилна политичка состојба за подобри резултати на македонската берза

 Интеграциските процеси на земјата се мотивација за инвеститорите да вложуваат на берзата и со тоа да и помагаат на државата. Денес се одржа 20 годишната конферција на АД Македонска берза.

 |  Валентина Неловска  | 

Стабилна политичка состојба за подобри резултати на македонската берза, беше една од пораките која се упати од 20 годишната конференција на АД Македонската берза. На конференцијата учествуваше и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , а се обратија и извршниот директор на АД Македонска берза, Иван Штериев и директорката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Нора Алити.

Македонската берза и пазарот на капитал се значаен дел од економското функционирање на нашата земја и се исклучително важни за раст и развој на економијата и компаниите. Премиерот Зоран Заев од Охрид изјави дека државата ќе обезбеди пазарни и транспарентни услови во економијата.

„Државата е тука да гарантира и обезбеди пазарни, слободни и транспарентни услови и односи во економијата како и атрактивна бизнис клима со еднакви можности, пазарни услови и правила за компаниите“, напомена во своето обраќање премиррот Заев.

Иван Штериев, директор на АД Македонска берза кажаа дека резултатите од трговијата со акциите споредена со првиот квартал од ова аи мината година се слични. Има отстапки кај тргувањето со обврзници и блок трансакции за кои има логични објаснувања, рече Штериев.

„Пазарот има потреба од финансиски инвеститори кои недостасуваат. Битни се позитивните неекономски случувања како што е влезот во НАТО и очекуваниот почетокот на преговори со ЕУ кои ќе привлечат странски инвеститори на беразат.Простор за оптимизам има, но треба да се исполнат и други предуслови, но ќе оставиме да видиме кои ќе се резулатите во остатокот на годината на берзата“, рече Штериев.

Последните информации за 2018 година се дека расте прометот на Македонската берза за 120 отсто во однос на 2017 што е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека се враќа довербата во македонската економија и расте оптимизмот на инвеститорите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top