Трите делници во охридско – струшкиот регион на кои се изведуваат поправки ќе бидат предвреме завршени, најави Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта кој денес беше во обиколка на регионов. Работите ќе бидат завршени два месеци порано од планираниот рок во проектот пред почетокот на главната туристичка сезона, рече Китанов. За рехабилитација на овие делници ќе бидат потрошени над 180 милиони денари буџетски средства од ЈП Државни патишта. Во моментов се работи на сите три, а рехабилитацијата на Булевар Туристичка во должина од 5,6 км од двете страни на делницата се очекува наскоро да…
Гарантираме добри инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија кои обезбедуваат континуиран развој на Општина Охрид и паралелно со уредувањето и грижата за јавното зеленило директно придонесуваат за почиста и поздрава животна средина за сите, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, кандидат за советник и портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
Божиновски наброја неколку проекти од сферата на комуналната инфраструктура од програмата на Коалицијата За обнова на Македонија.
Гарантираме: РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ. Проектот предвидува …
На 12-ти април, петок, во Хотел Лебед во Охрид ќе се одржи Информативен настан за избор на „Иновативно претпријатие на годината”.
Преку награден фонд од вкупно 600.000 денари, обезбеден со поддршка на Град Скопје, наградени ќе бидат 3 компании со 200.000 денари, средства кои компанијата ќе ги искористи за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот.
Најдобрата компанија од секоја категорија ќе добие признание за успешност и ќе биде промовирана на првата манифестација „Иновативно претпријатие на годината“ која ќе се одржи на 29 мај во Скопје. Добиените …
Политичката партија „Демократи“ денес го претстави својот кадидат за градоначалник на Охрид. Претседателот на партијата Јорго Огненоски, на денешната прес конференција кажа дека Стевоски кој 30 години се бори против криминалот е вистинскиот избор за прв човек на Охрид. Охрид наместо да станува поубав град тој е во се полоша состојба изминативе две децении додека на власт се менуваат две политички опции во државата, смета Огненоски.
„Нашиот кандидат г-дин Стевче Стевоски, за којшто можам слободно да кажам дека охриѓани кога ќе го изберат, за градоначалник на Охрид, ќе го спаси Охрид од крим…
Граѓаните се пожалија на тоа што улиците „Прва македонска ударна бригада“, „Ристо Чадо“, „Андреј Јовановски“, „Марко Нестороски“ и „Марко Цепенков“ треба да се асфалтираат. Постарите жители побараа клупи и катчиња за одмор.
Михаил Трендафилов-Нанче им објасни на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор.
Нанче ги праша граѓаните дали се задоволни од начинот на кој се раководат нивните пари, алудирајќи на тоа дека никој не знае како се направени долговите на Општината и дали неко…
Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на расфрлан комунален отпад покрај коловозот од магистралниот пат Охрид-Битола, на потегот од с.Косел до месноста Прентов Мост.
Иако оваа активност не е во надлежност na јавното рпетпријатие бидејќи се работи за магистрален пат, оттаму им излегоа во пресрет на барањето на М.З. Куратица. Подигнати се огромни количини отпад од пластична амбалажа, хартија, лименки и др.
Деновиве во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица, беше организиран работен состанок меѓу Раководителот насекторот за соработка на Делегацијата на Европската унија во Македонија,Никола Бертолини, преставници од УНДП и раководството на Јавната установа Национален парк Галичица.
На состанокот учествуваа и претставници на Програмата за развој на Обединетите нации.
Целта на посетата беше запознавање со напредокот во спроведувањето на Проектот: „Подобрување на ефективноста во заштитата и управувањето со Националниот парк Галичица”, кој е дел од Програмата: „Подобрување на уп…
По повод 2 Април Светскиот ден на литературата за деца, втора година по ред студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно ја спроведуваат акцијата „Подари – размени книга“.
Веќе трет ден книги разменуваат ученици од петтите одделенија од сите основни училишта од општина Охрид. Идејата е преку размена на книгата читателите да дојдат до нови интересни четива и сознанија и како што често се вели – да им се отворат нови светови. Вработените и студентите на факултет за странски јазици на ФОН универзитетот деновиве беа вклучени во акцијата …