БОЖИНОВСКИ : ГАРАНТИРАМЕ РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ

Гарантираме: РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ. Се обврзуваме за: ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НИЗ ОПШТИНА ОХРИД. Ова денеска на прес конференција им го порача на охриѓани, Перчо Божиновски, кандидатот за советник од Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ. Божиновски упати и критика до досегашната локална власт за начинот на кој се изведувале зафатите на патната и комуналната инфраструктура.

 |   | 

Гарантираме добри инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија кои обезбедуваат континуиран развој на Општина Охрид и паралелно со уредувањето и грижата за јавното зеленило директно придонесуваат за почиста и поздрава животна средина за сите, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, кандидат за советник и портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Божиновски наброја неколку проекти од сферата на комуналната инфраструктура од програмата на Коалицијата За обнова на Македонија.

Гарантираме: РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ. Проектот предвидува изградба или доизградба на канализационен систем во населба „Гоце Делчев“ – Бараки, село Долно и Горно Лакочереј, село Подмоље, село Трпејца како и во сите населени места каде што има потреба од истата. Се обврзуваме за:ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НИЗ ОПШТИНА ОХРИД. Атмосферска канализација на територија на општина Охрид. Целта е унапредување и заштита на животната средина, подобрување на условите во делот на уличната инфраструктура – истакна Божиновски.

Кандидатот за советник Божиновски упати критика до СДСМ и Георгиески дека улици низ Охрид по краткотраен дожд биле поплавени, обвинувајќи дека локалната власт работела неодговорно и со импровизации.

Ако ваквото функционирање е најдоброто за нашата општина тогаш како ли е најлошото? Со оваа власт реконструкцијата на улиците оди бавно, неквалитетно и селективно. Георгиески да одговори по кој критериум се врши асфалтирањето? Дали сето тоа е само предизборен маркетинг и популизам? За брзо следува одговорност за нестручноста и непрофесионализмот во изведувањето на активностите – потенцираше Божиновски на денешната прес конференција.

Развиена мрежа на атмосферска канализација е еден од главните услови за превенција од поплавени улици при дождови, потенцира Божиновски и  порача дека новото советничко мнозинство и новиот Градоначалник на Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ гарантираат квалитетни инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top