• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Наскоро Јавната установа Национален парк Галичица ќе добие репродуктивен центар за елени и арбореум

Наскоро Јавната установа Национален парк Галичица ќе добие репродуктивен центар за елени и арбореум

Деновиве во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица, беше организиран работен состанок меѓу Раководителот на
секторот за соработка на Делегацијата на Европската унија во Македонија,Никола Бертолини, преставници од УНДП и раководството на Јавната установа Национален парк Галичица.

 |   | 

Деновиве во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица, беше организиран работен состанок меѓу Раководителот на
секторот за соработка на Делегацијата на Европската унија во Македонија,Никола Бертолини, преставници од УНДП и раководството на Јавната установа Национален парк Галичица.

На состанокот учествуваа и претставници на Програмата за развој на Обединетите нации.

Целта на посетата беше запознавање со напредокот во спроведувањето на Проектот: „Подобрување на ефективноста во заштитата и управувањето со Националниот парк Галичица”, кој е дел од Програмата: „Подобрување на управувањето во заштитените подрачја“, финансирана од Европската Унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), како и информирање за тековните активности и идните планови на ЈУНПГ.

На работниот состанок гостите на Јавната установа Национален парк Галичица беа запознати со текот на проектните активности, при што беше нагласено дека изградбата на репродуктивен центар на елени (на простор од 102 ha) и арборетумот (на простор од 2 ha) се во фаза на спроведување со веќе изработена Студија за активно управување со високо-планински пасишта и објавен тендер за изградба на арборетум. Исто така, Бертолини беше информиран дека ревизијата на долгорочната програма за мониторинг е веќе завршена и се очекува започнување со мониторинг на видови и живеалишта кон крајот на април и почеток на мај. Присутните ги поздравија активностите кои институцијата ги спроведува на патот на остварување на својата намера да го промени начинот на финансирање од приходи генерирани преку директно искористување на природните ресури кон т.н. „меко“ користење на ресурсите, пред се со зголемување на приходите од туризам.

Ова се дел од активностите кои НП Галичица и Друштвото за проучување и заштита на биодиверзитетот и одржлив развој на природните екосистеми (БИОЕКО) Скопје, ги спроведуваат во рамки на проектот, а со цел подобро управување со пасиштата и зачувување на биолошката разновидност во Националниот парк Галичица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top