Успeшно се одвива акцијата „Подари – размени книга“

По повод 2 Април Светскиот ден на литературата за деца,  втора година по ред студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно ја спроведуваат акцијата „Подари – размени книга“.

 |   | 

По повод 2 Април Светскиот ден на литературата за деца,  втора година по ред студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно ја спроведуваат акцијата „Подари – размени книга“.

Веќе трет ден книги разменуваат ученици од петтите одделенија од сите основни училишта од општина Охрид. Идејата е преку размена на книгата читателите да дојдат до нови интересни четива и сознанија и како што често се вели – да им се отворат нови светови. Вработените и студентите на факултет за странски јазици на ФОН универзитетот деновиве беа вклучени во акцијата за собирање книги кои се разменуваат а подоцна во соработка со охридската библиотека ќе бидат донирани.

И децата и нивните наставници со задоволство ја прифатија акцијата и бараат да се одржува повеќе пати во текот на учебната година.
Убаво е кога ќе се види како учениците трагаат по своето омилено четиво и автор и зборуваат за книгите, велат од библиотеката.
„Прличевата одаја “ во НУ библиотека до утре – петок ќе биде отворена  од 10 до 15 часот за размена на книги. Последниот ден од акцијата во неа ќе можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани да донираат и да си земат книга по избор. Акцент и утре ќе е ставен на литературата за деца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top