Мај 9, 2019

ОИК МУ ГО ВРАЧИ УВЕРЕНИЕТО НА НОВОИЗБРАНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ

Константин Георгиески, од денес и официјално ќе раководи со општина Охрид во текот на наредните две и пол години. Уверението за извршување на градоначалничката функција на новиот градоначалник денеска му беше врачено од страна на претседателот на ОИК, Климент Камнароски, во присуство на сите членови од комисијата. Георгиески рече дека од денес е градоначалник на сите граѓани на Охрид, независно од нивната политичка, верска, етничка или национална припадност. „Оваа прилика ја користам да им се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за мене и уште еднаш да им ветам и да се обврзам дека ќе …

Окт 5, 2021

Изменети локациите на две гласачки места во Охрид

Подрачното одделение на Државната изборна комисија ги привршува сите подготовки за претстојните локални избори. Охриѓани ќе гласаат на 88 избирачки места од кои 86 избирачки места остануваат на истите локации додека за две ќе има измени. Гласачите од улицата Лазо Трпоски и граѓаните од избирачкото место 1256 во објектот на пожарна на локалните избори своето граѓанско гласачко право ќе го остварат на други локации, информира Марга Димковска, раководителка на ПЕ ДИК. Гласачите запишани избирачкото место 1256 ќе гласаат во основното училиште Братство Единство, во централното училиште на ули…

Мај 9, 2019

Општина Охрид го одбележа Денот на Европа

Се одбележа 9 мај Денот на Европа на пригоден начин во општина Охрид. Нашата желба и надеж е дека во спроведување на реформите вродуваат со плод и дека РС Македонија наскоро ќе биде рамноправен член на европското семејство, рече градоначалникот Константин Георгиески во обраќањето пред присутните. Охрид како крстосница на цивилизациите и столб на кој е изградена Европската унија е место од каде испраќаме повик за зачувување и негување на општите човекови и хуманистички принципи, рече Георгиески. „ Ние сме се чувствувале и се чувствуваме како дел од Европа каде што природно припаѓаме. На пре…

Мај 8, 2019

Изборите поминаа, минарето се гради

Од Здружението „Совест“ алармираат  дека и покрај најавите за престанување со градежни работи на минарето на Али Пашината џамија во Охрид, тоа сепак се гради. По краткото затишје за време на изборите , од здружението велат дека се крева нов кат на минарето. На социјалните мрежи објавија фотографија направена денес, на која се гледа дека продолжуваат градежните работи.“Поминаа изборите и веќе си тераaт по старо. Еве денес, 08.05.2019 година се подготовува нов спрат нa минарето на дивоградбата Aлипашина џамија. Правда? Закон? Жолт картон? Дали е разбрана пораката? Почитувани, 5-ти мај помина,…

Мај 8, 2019

Охриѓани се хумани помагаат на сограѓаните во социјален ризик

Над 1000 волонтери на ОО на Црвениот крст секојденвно помагаат во најразлични ситуации. Од ОО ЦК се соочуваат со различни потреби на граѓаните од Охрид и Дебрца кои се нашле во ситуација на социјален ризик, вели Сашо Точков претседател на ОО ЦК. „ Најповеќе се бараат прехранбени производи.Во последно време и помош за здравсвтена заштита за оперативни зафати, билети за Скопје, Софија, Белград каде што треба да се врши некоја хируршка интервенција на пациенти или барања за оперативни зафати на деца. Имаме хуманитарни акции кои ги организираме за да им помогнеме на тие луѓе“, споделува Точков…

Мај 8, 2019

Педесет годишен охриѓанец заработи кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(53) од Охрид. Тој, на 04.05.2019 година околу 04 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид е затекнат при користење на марихуана. Дополнително, при претрес, извршен врз основа на наредба на судија на претходна постапка, во неговиот автомобил марка „Opel Insignia“ и во неговиот дом пронајдена и одземена е марихуана, како и повеќе други предмети поврзани со кривичното дело.

Мај 8, 2019

Продолжуваат успесите на стрелците од СК-Охрид

Викендов на стрелиштето во гимназијата во Сандански се одржа седмиот по ред меѓународен Турнир во гаѓање со воздушнооружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа стрелци од повеќе клубови од Македонија и Бугарија. И на овај Турнир СК „Охрид“ се претстави во најдобро светло, закитувајќи се со три поединечнимедаљи и екипен пехар. Во категорија јуниорки, Јована Милевска се пласира на втората позиција со резултат од 610,2 круга сошто ја потврдува својата спортска форма со тенденција на покачување. На шестата позиција во истата категорија се пласира Ива Маленко со резултат од 381,4 круга.В…

Мај 7, 2019

СВР Охрид го одбележа 7ми мај

Денот на безбедноста и македонската полиција – 7 Мај одбележан и во СВР Охрид. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кој го истакна значењето на полицијата за безбедноста на државата и градот и уште еднаш ја потенцира сложеноста на овој позив.Вие сте тие кои гарантирате безбедност и сигурност за сите граѓани во едно општество, а наша е обврската во рамки на своите надлежности да обезбедуваме услови и да ги поддржиме Вашите проекти. Соработката меѓу општина Охрид и полицијата секогаш била добра, а така ќе биде и во иднина. Сите заедно ќе продолжиме да работиме н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top