Охриѓани се хумани помагаат на сограѓаните во социјален ризик

Охридската хуманитарна организација го одбележа светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. ОО со поддршка на хуманите луѓе и компании секојдневно помага со голем број волонтери на сограѓаните кои се во социјален ризик. Луѓето најмногу  бараат помош од прехранбени артикли и за лекување.

 |  Валентина Неловска  | 

Над 1000 волонтери на ОО на Црвениот крст секојденвно помагаат во најразлични ситуации. Од ОО ЦК се соочуваат со различни потреби на граѓаните од Охрид и Дебрца кои се нашле во ситуација на социјален ризик, вели Сашо Точков претседател на ОО ЦК.

„ Најповеќе се бараат прехранбени производи.Во последно време и помош за здравсвтена заштита за оперативни зафати, билети за Скопје, Софија, Белград каде што треба да се врши некоја хируршка интервенција на пациенти или барања за оперативни зафати на деца. Имаме хуманитарни акции кои ги организираме за да им помогнеме на тие луѓе“, споделува Точков од нивната секојдневна хуманитарна работа.

Во текот на годината ОО Црвен Крст Охрид на најразлични начини им помогнала на околу 600 семејства или на околу 3000 лица. Охриѓани, компаниите и институции се општествено одговорни, хумани се и помагаат. Но, постои потреба од постојано подигање и мобилизирање на јавната свест на повисоко ниво, вели Точков.

„ Секогаш потребите се поголеми од можностите да се помогне. Заради ограничениот капацитети и заради ограниченоста во хуманоста секогаш луѓето се претпазливи од можни злоупотреби. Но, волонтерите на ЦК се тука да ја проверат веродостојноста на потребите на терен, а нашата работа е транспарентна. Општествено одговорните може да помогнат на различни начини, на пример преку волонтеризам, пријавување на луѓето кои имаат потреба од помош на другите, се е тоа хуманост, не е само дарување на финансиски средства“ , напоменува Точков.

8 мај денот на раѓањето на Анри Динан, основоположникот на меѓународото движење на Црвениот крст беше одбележан со повеќе активности од ОО ЦК. Живка Ангелоска, претседател на Советот на општина Охрид, голем број волонтери и активисти на ОО ЦК положија свежо цвеќе пред бистата на Динан. Во посета на општинската организација беа и најмалите охриѓанчиња од детската градинка „ Јасна Ристеска“, а беше организирана и кродарителна акција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top