Во претстојниот четиригодишен мандат продолжуваме со рамномерен развој во сите урбани и месни заедници, кажа Кандидатот за советник Наум Калачоски, од СДСМ и коалицијата. Тој додаде дека ќе воведат задолжителни состаноци и консултации со урбаните и месните одбори со цел да ги поттикнат граѓаните да учествуваат во донесувањето одлуки и избирањето на приоритени проекти.
Во секоја месна и урбана заедница. Градиме приоритетна инфраструктура: улици, канализација, водовод. Градиме малски плоштади и паркови со содржини за дружба и забава. Градиме детски и спортски игралишта и ги реконстуираме…
За поздравување е фактот што на турнирот беа присутни најдобрите натпреварувачи од сите клубови, кои се натпреваруваа во две дисциплини, и тоа форми и борби. Организаторите велат дека турнирот бил на ниво на натпреварите од ваков калибар, пред се благодарение на спонзорите и Општина Охрид.
Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на клубот, претседател на Македонската ИТФ , поранешен светски вицешампион Прага’96, вели направивме турнир што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите н…
Во време кога повеќето сметале дека местото на жената е во кујната, кога во поранешна СФРЈ, но и во Европа бројот на астрофизичари можел да се преброи на прстите на една рака, охриѓанката Маргарита Каровска, со поддршката од семејството, тргнала на патот кон ѕвездите. Таа веќе неколку децении работи во Центарот за астрофизика Хардвард-Смитсониан при престижниот универзитет Хардвард на голем број проекти од НАСА. Каровска Нили и денес сеуште е дел од тимот кој работи на на еден од најголемите и најзначајни проекти на НАСА, вселенската опсерваторија “Чандра“ од самите почетоци.
„Токму 20 год…
Согласно со препораките кои беа нотирани од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34 ), по налог на градоначалникот Константин Георгиески, Локалната самоуправа изработи посебен Регистар на нелегални градби за подрачјето на Општина Охрид.
Во оваа елекронска база на податоци внесени се вкупно 1076 предмети за кои, во периодот од 2006-та година до мај 2019-та година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење и имаат донесено некаков акт со кој се утврдува нелегална градба. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во заштитен појас, односно…
Дисперзирана спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе има и оваа учебна година. Првиот уписен рок помина и местата во паралелката за фудбал се речиси пополнети, но има уште слободни места во паралелката за ракомет. Заинтересираните ученици ќе можат да аплицираат на вториот уписен рок кој ќе се одржи на 1ви јули. Паралелката и понатаму ќе биде сместена во СОУ „ Ванчо Питошески“.
И оваа година продолжува спортската академија. Наставата и понатаму ќе се одвива во просториите на нашето училиште. Ќе има пзралелка за фудбал и ракомет. Кадарот кој предава во угостителското училиште дополнува и в…
Владата ја усвои програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно со мрежата на здравствени установи (2019-2022). За 2019 година одобрени се вкупно 346 специјализации, за 2020 година вкупно 241 специјализации, за 2021 година 184 специјализации и за 2022 година вкупно 160 специјализации. Но се додека не се едуцираат нови кадри, таканаречената „кадровска дупка“ во здравството ќе се надополнува со ротација на лекарите специјалисти од една во друга здравствена установа, од еден во друг град.
„И тука излегуваме во пресрет на сите барања на болниците. Се даваат спе…
Нема веќе да има столици и маси и друга урбана опрема на места кои не се определени за тоа. Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Охрид заедно со службите на ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, започнаа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти.
Навистина ако сакаме да ставиме ред ова мора да се прави. Дури и некои од сопствениците на локали сами побараа да се спроведе одлуката за поставување урбана опрема и да важи за сите подеднакво. Нашите служби токму тоа го прават, ништо повеќе и ништо помалку, вели Томе…
Преку развивање на одржлив менаџмент и изработка и имплемантација на акциони планови за менаџирање на еко системот на Охрид-Преспа биосферниот резерват, како и со анализа на моменталните еконмски трендови и разбирање на економските потреби на населението кое живее на просторот на резерватот, сосема е можно да се развива овој регион со зачувување на природната средина. Биосферниот резерват отвора врата преку која се воспоставуваат меѓусебните врски меѓу општините, каде во прв план избива економскиот развој, како преку брендирање разни производи од регионот, така и развој на туризмот со кои ќ…