Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Охрид организира меѓународен турнир за паметење

Викендов  22 јуни 2019 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ”  Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот    Таеквон-до ИТФ турнир  “ ОХРИД ОПЕН 2019”  на кој зедоа учество околу 250 натпреварувачи од 26 клубови од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија и Македонија. Најбројни беа клубовите од соседна Бугарија.

 |   | 

За поздравување е фактот што на турнирот беа присутни најдобрите натпреварувачи од сите клубови, кои се натпреваруваа во две дисциплини, и тоа форми и борби. Организаторите велат дека турнирот бил на ниво на натпреварите од ваков калибар, пред се благодарение на спонзорите и Општина Охрид.

Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на клубот, претседател на Македонската ИТФ , поранешен светски вицешампион Прага’96, вели направивме турнир што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на публиката.

Турнирот беше под водство на Сабум Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VI дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ, и одговорен за југоисточна Европа, кој со своето искуство помогна овој турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, а

Најдобари клубови на натпреварот:

1 место: Калојан-Ладимекс од Перник
2 место: Фалкон од Благоевград
3 место: Тервел 2006 од Севлиево

Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ настапи со 37 натпреварувачи, кои вкупно осовија 43 медали , од кои 11 златни, 10 сребрени и 22 бронзени , со што бевме најтрофеен клуб на натпреварот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top