Кадровската дупка во здравството ќе се пополни со ротирање на специјалистите

Владата ја усвои програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно со мрежата на здравствени установи (2019-2022).

 |   | 

Владата ја усвои програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно со мрежата на здравствени установи (2019-2022). За 2019 година одобрени се вкупно 346 специјализации, за 2020 година вкупно 241 специјализации, за 2021 година 184 специјализации и за 2022 година вкупно 160 специјализации. Но се додека не се едуцираат нови кадри, таканаречената „кадровска дупка“ во здравството ќе се надополнува со ротација на лекарите специјалисти од една во друга здравствена установа, од еден во друг град.

„И тука излегуваме во пресрет на сите барања на болниците. Се даваат специјализации согласно актуелните потреби. Значи нема да биде скратена ни една потреба. Меѓутоа додека се реши тој проблем еден од механизмите со кој се снаоѓаме е ротацијата на лекарите.Значи дадовме дозвола од клиниките од Скопје таму каде има потреба од специјалисти, докторите ротираат и престојуваат по неколку дена и неколку недели, престојуваат анестезиолози и гинеколози во Кавадарци во болницата во Гевгелија, понатаму се надополнуваа бројот на лекари од во Струмица од болницата во Штип, охридските кардиолози работат во Битола и во Струмица, така да тој е тој систем на ротација со кој сега се надополнува кадарот се додека не се едуцираат нови кадри“ рече Венко Филпче – Министер за здравство.

Покрај специјализациите, Владата на Република Северна Македонија одобри и супспецијализации и тоа за 2019 година вкупно 69 супспецијализации, 24 за 2020 година, за 2021 година се одобрени вкупно 22 супспецијализации и за 2022 година одобри вкупно 16 супспецијализации.

„Навистина многу вложивме во прием на медицински кадар во минатата година, се дадоа 3200 согласности за вработување во секоја поединечна јавна здравствена установа капацитетот е зголемен за најмалку 10% правевме некао анализи. И нема тука да сопреме ќе продолжиме понатаму согласно вистинските потреби. Во неколку Јавни здравствени установи вклучително во болницата во Струга се поништија огласите, меѓутоа не запре овој изборен период и сега продолжуваме со истата динамика во сите ЈЗУ, ќе се прима целокупната борјка на медицински кадар, значи лекари, медицински сестри, среден технички персонал значи се што треба за функционирање на установата“ изјави Венко Филпче – Министер за здравство.

Филипче кажа дека со новиот Закон за здравствена заштита е воведена една нова мерка, а тоа е задолжителен стаж од 6 месеци после добивањето на лекарската лиценца кој ќе биде платен меѓутоа таа мерка нема да важи само за оние лекари кои сега го завршуваат стажот туку и за сите лекари кои имаат лиценца и на кои нема да им биде услов за специјализација, намерата е да им се даде можност да се вработат во здравствените домови. Министерот се надева дека од наредната година ќе се обезбеди буџет тоа да не биде само 6 месеци туку цела година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top