Од Охрид до ѕвездите

Охриѓанката Маргарита Каровска Нили веќе неколку децении работи во Центарот за астрофизика Хардвард-Смитсониан при престижниот универзитет Хардвард на голем број проекти од НАСА.

 |   | 

Во време кога повеќето сметале дека местото на жената е во кујната, кога во поранешна СФРЈ, но и во Европа бројот на астрофизичари можел да се преброи на прстите на една рака, охриѓанката Маргарита Каровска, со поддршката од семејството, тргнала на патот кон ѕвездите. Таа веќе неколку децении работи во Центарот за астрофизика Хардвард-Смитсониан при престижниот универзитет Хардвард на голем број проекти од НАСА. Каровска Нили и денес сеуште е дел од тимот кој работи на на еден од најголемите и најзначајни проекти на НАСА, вселенската опсерваторија “Чандра“ од самите почетоци.

„Токму 20 години ќе биде на 19 јули како го лансиравме „чандра“. Оваа вселенска опсерваторија ја набљудува вселенеата во ренгенски бранови. Со таква резолуција, толку може оштро да види што дотогаш до таа 1999 никој немаше набљудувано вселената со таква прецизност. Јас почнав да работам на „Чандра“ уште пред да се лансира неколку години и после тоа уште 15 години во тимот на „Чандра“. Прво работев на развивање на еден од инструментите, а откако го лансиравме работам во група која го одржува софтверот“ кажува Др. Маргарита Каровска – Нили -астрофизичар.

Заедно со нејзиниот сопруг Кларк Нили, Маргарита волонтира во едно основоно училиште за им помогне на малите деца да се вљубат во астрофизиката, исто како што некогаш и таа се вљубила. Вели дека со огромно задоволство им го пренесува знаењето на дечињата, бидејќи неа немало кој да и помогне, да ја насочи кон оваа прекрасна наука.

„Мене ми се најважни , најинтересни и ми носат најголемо задоволство со младите ученици. Јас предавам Астрономија од 2-5 одделение, оние очиња , онаа заинтересираност. И на постарите предавам, ама дечињата, јас им велам, утре, светот ќе биде ваш. Вие утре ќе одите на месечината, на марс, ќе одите на Јупитер, ќе знаете за црната материја и енергија, тоа ќе им биде најсоновна работа“ вели Др. Маргарита Каровска – Нили -астрофизичар.

Нејзиниот сопруг Кларк Нили, е еден од 400.000 луѓе кои работеле на „Аполо“ порграмата од самите почетоци до нејзиното завршување. Учествувал во „Аполо 11“ проектот и слетувањето на човекот на месечината. Конкретно неговата експертиза била потребна за делот од мисијата кој се однесувал на спојувањето на лунарните модули во самата орбита. Револтиран е од незнаењето на сите оние кои повеќе веруваат во теориите на заговор дека американците никогаш не стапнале на Месечината, отколку во самата наука.

„Можам само да кажам дека доколку тоа беше вистина, Нил Армстронг и Џон Јанг први ќе одбиеја да учествуваат во лажна операција. Армстронг веднаш ќе дадеше оставка, и јавно ќе ја откриеше причината. Во „Аполо“ мисијата беа ВКЛУЧЕНИ ОКОЛУ 400.000 ЛУЃЕ, околу 10% од нив некаде 40.000, од нив ќе требаше доборовлно да учествуваат во една теорија на заговор и да молчат за тоа и да лажат синхронизирано. Исто така ќе требаше да ја имаме соработката со Руската влада, зошто тие ја фатија трансмисијата од нашиот екипаж кој слета на Месечината“ објаснува Мр. Кларк Нили – физичар.

Македонската астрофизичарка се интересира за ѕвездите и се’ околку нив, но најмногу за нивниот животен циклус, поточно што се случува со нив од кога ќе остарат. Во нејзинот фокус на интересирање и истражување се и црните дупки, како точно се формираат, колку можат да бидат големи или мали, факти кои не се до крај испитани. Дел од нејзината биографија се проектите поврзани со истражување на тип 1 суперновите, циклусот на создавање и умирање на галаксиите и друго.Др.Маргарита Каровска вели дека патот до нејзиниот успех бил едноставен, многу труд кон она што сакаш да го работиш во комбинација со добро образование и верба. Најсреќна е кога ќе најде слободно време да го посети родниот Охрид и да ужива во неговите убавини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top