На 18/19.12.2021 година од 21 до 03 часот на целото подрачје на СВР Охрид извршени се сообраќајни акциски контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-09, Струга-06, Кичево-02, Дебар-01). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Во пресрет на претстојните празници сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот – информираат од СВР Охрид.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, денеска ги одреди новите максимални цени на горивата.
Безините ќе бидат поскапи за 1,5 денари за литар, а дизелот поскапува за 2 денари за литар. Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 81 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 83 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 73,5 ден/лит, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 73 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,815 денар/килограм и ќе изнесува 46,537 ден/кг.
На 18.12.2021 околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (36) од Охрид.
Тој бил затекнат при извршување кражба во објект на вулканизерска работилница во селото Оровник, општина Дебрца. Одземените предмети се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, викендов во Охрид одржа Изборно собрание на кое присуствуваа претседатели и претставници на ИПА Македонија, ИПА Скопје и на неколку други ИПА региони, изборно надзорна комисија во состав на ИПА Македонија, делегати, членови на ИПА Охрид и други гости.
Притоа, со јавно гласање, беше избран Управен одбор за наредниот пет годишен мандат. Стефан Димоски е избран за претседател, Игор Смилески-генерален секретар, Сашо Шумуликоски-помошен генерален секретар, Александар Голабоски-благајник, Антигона Цветаноска-помошник, Александар Трајкоски и…
Охридските пчелари ги вознемири судска одлука на Основен Суд Охрид изречена против нивен колега со парична казна за каснување од пчели. Пчеларите го кренаа гласот против како што велат апсурдната судска одлука со која пчелар треба да му исплати оштета на охриѓанец и административни трошоци во висина од 15.000 евра. Револтирани пчеларите реагираат на висината на изречената казна и на третманот кон пчеларите. Бараат институциите да се изјаснат дали пчеларството треба да згасне во нашата земја. Пчеларот, Лазо Грозданов потсетува од какво значење се пчелите за планетата Земја.
Дали …
СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, отпочна со превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства”. Вчера на плоштадот „Крушевска Република”, полициски службеници и активисти на Црвениот Крст од Охрид, делеа едукативни флаери за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника и реализираа вежба со мерки кон лица повредени од петарди.
Целта на превентивната кампања е на граѓаните, пред се на најмладите, да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божикните пр…
Златната маска од Требеништа, антички некрополи, средновековни цркви, старохристијански сакрални објекти, наслеби од бронзено, железно, хелинистичко и римско време се само дел од културните богатства на територијата на Дебрца. 21 локација и објекти од Дебрца се запишани во државниот регистар со статус на културно наследство. Ученици од предметна настава од ОУ „Дебрца“ во село Белчишта активно се вклучени во откривање на убавините на културното наследство од нивниот крај. Заедно со нивни врсници од Португалија, Романија, Бугарија и Турција, тие се дел од проектот „Амабасадори на културата” …
На 17.12.2021 година, од 15 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид полициските службеници санкционирале 40 возачи кои извршиле престигнување на забранети и непрегледни места (Охрид-19, Струга-10, Кичево-03, Дебар-08).
Санкционирани се и 10 возачи кои во Охрид, во и надвор од населено место, управувале возила со поголема брзина од дозволената – информираат од СВР Охрид.