Окт 21, 2011

Едукативни активности во НП „Галичица“

Охридските основци, на едукација во НП „Галичица“. После неодамна одржаната обука за наставен кадар, со обучувачи од Русија, денес во НП „Галичица“, дел од своите искуства пренесуваат професори од Холандија. Целта поради која се ангажираат светски обучувачи, е обезбедување висококвалитетна обука на вработените, кои пак на целните групи треба стручно да им ги објаснат природните и културните пејсажи на паркот, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Директорот вели дека соработката со светските еколози не случајна. Додава, дека посебно му причинува задоволство што денес во реконструиран…

Окт 21, 2011

Охридскиот музеј чека пари за експропријација на објекти

Министерството за култура повеќе од 4 години нема одвоено пари за експропријација на објекти на кои се откриени различни археолошки наоди. Нетрпеливи стануваат  и сопствениците на објектите кои чекаат да се решат  имотните односи.. Директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, изјави за ТВМ дека нивната институција конкурирала со проект за 2012 година за   одобрување на финансиски средства за оваа намена. Од Завод и Музеј не откриваат  колку пари побарале од ресорното министерство. Кратко велат дека ќе чекаат на одлуката до март идната година дали ќе добијат пари за експропријација …

Окт 21, 2011

Се поголем интересот за револуционерната АБР терапија

АБР Револуционерната рехабилитациона терапија, полека го наоѓа своето место меѓу пациентите. Овој современ метод на рехабилитација, кој пред една година срамежливо беше претставен кај нас, со своите неоспорливи резултати, ја стекнува довербата и кај пациентите и кај нивните родители. Криста Биненс од Белгија која во потрага по помош за сопственото дете се сретнала со Леонид Блум, креаторот на АБР техниката, повторно во Охрид како  дел од тимот кој ќе зборува за трајноста на резултатите од оваа терапија.„Никогаш не се привремени резултатите. Можете да ги постигнете дури и со возрасни. И со н…

Окт 20, 2011

Апел за помош

Итно се потребни средства за лекување на 25 годишната Ивана Павлеска, која боледува од акутна леукемија. На лекување треба да замине овој понеделник, а за терапијата се потребни поголема сума на средства, кои нејзиното семејство не може да ги обезбеди. Затоа, Ве молиме да бидете хумани, да донирате средства и да и помогнеме на Ивана да се излекува. Можете да донирате 100 денари со вртење на телефонскиот број  070/143-132, да извршите уплата на следнава жиро сметка: 200001970854819 или да присуствувате на хуманитарните забави кои се организираат со цел да се соберат средства за Ивана. Утре (…

Окт 20, 2011

Уште се чека на „Табана„ и „Ривиера“

ДУП -те, за опфатите „Табана„ и „Ривиера“ никако да стигнат пред охридските советници. Сопствениците на дел од земјиштето кое треба да се реши со  донесување на Дуповите, прашуваат, зошто толку време е потребно истите да поминат на Совет? Во дописот кој стигна до нашата ТВ куќа, стои дека сопствениците дополнително се загрижени дека со донесувањето на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, постапката дополнително ќе се забави. Од Министерството за Транспорт и Врски не информираа дека согласно Законот за просторно и урбанистичко п…

Окт 20, 2011

Се чистат плажите и вон сезона

Организирана хигиена на подрачјето на општина Охрид. Во текот на вчерашниот ден, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, успшено изведоа акција за чистење на плажите. Од потегот пред хотелот „Два Бисери, па се до центарот на Пештани беа подигнати 30 м3 разновиден отпад. Ова е апел сите субјекти да се вклучат во средување на охридските плажи, а посебно концесионерите, кои после сезоната не се заинтересирани како изгледаат плажите со кои стопанисуваат, вели првиот човек на ЈП Сашо Алче.Секторот за патишта досега воопшто не е заинтересиран за соработка, вели Алче. Додава дека јасно како ден е во чиј…

Окт 20, 2011

Правниците во Охрид

Традиционална есенска средба 65 по ред на правниците во Охрид. Тема на средбата е остварување и заштита на правата од работен однос и здравствено осигурување во приватниот и јавниот сектор. Правниците дискутираат на повеќе пошироки теми од судската практика и поисцрпно ги проучуваа прашањата од судската практика и теоријата.„ Овој пат сметаме дека се актуелни работните односи што вклучуваат неколку теми актуелни во праксата, како најниската плата па ги поканавме и работодавачите и претставниците на синдикатот. Утре имаме разгледување на сите форми на заштита и мобинг и вонсудска заштитаи су…

Окт 19, 2011

Нов адвокат ќе го брани Кристијан Шапкар

Уште еднаш одложено судското рочиште за глисерската несреќа во која пред повеќе од две години, животот го загуби скопјанката Ирина Романова- Муцунска. После најавите на последното одржано рочиште од страна на адвокатите на семејството Муцунски, дека со користење на сите правни инструменти ќе се обезбеди присуство на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност, првобвинетиот денес се појави во судницата. Но сепак судскиот претрес и повторно не се одржа, а не дојде ни до сослушување на сведоците Данаил Шајноски, Богоја Матоски и сведокот и оштетен Ивана Шапкар. Причина, отусутвото на нов…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top