Ное 17, 2011

Јордан Трајков на чело на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Нов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Јордан Трајков, сопственик на приватната винарија „Попова кула“, доаѓа на местото на Зоран Стрезовски, кој оваа функција ја извршуваше од формирањето на агенцијата. Во телефонски разгвор Трајков не информира дека неговото назначување на оваа функција доаѓа после истекот на мандатот на Стрзовски како директор, а истото е резултат на одлука на Владата на РМ. Инаку, деновиве, новоназначениот директор на ова тело оствари работен состанок со хотелиерите и сопствениците на агенции од охридско – струшкиот регион, на кој ги слушна мисл…

Ное 17, 2011

Само автентичен амбиент може да биде успешна туристичка приказна

Екотуризмот може да биде печат по кој ќе биде препознатлива Македонија. Станува збор за многу погоден облик на туризам, каде преку природните убавини, културно-историските споменици, одличната храна, автентичната музика, амбиентот и архитектурата, ќе се единствена туристича понуда. Само автентичен амбиент може да буде успешна туристичка приказна, вели Лиљана Попоска, претседател на Партијата за Демократска обнова на Македонија.„Цела Македонија има проблем со користењето на европските фондови, ни фали едукација, обука како да ги користиме. Ни фали мрежа на потпора како да се изработат тие пр…

Ное 17, 2011

Генералка во НП „Галичица“

Годинава по трет пат се спроведува акцијата под мотото „во природата нема место за отпадоци“ или генерално чистење на паркот од разновиден отпад. Тоа претставува дел од Стратегијата за управување со цврст отпад, која беше изработена во 2008 год, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Факт е дека во минатото на националниот парк не му се посветувало доволно внимание за негово расчистување, вели Ангелоски. Додава, дека проблемот е голем, но со работа веќе се гледаат позитивни резултати на полето за подигање на јавната свест.Во изминативе три години за расчистување на паркот, потрошени с…

Ное 16, 2011

Надеж за Мона

Се отворија портите за спас на Симона Јовеска од Охрид. Малата Мона, која има само четири години и која живее со надеж дека еден ден ќе ја види светлината на денот и рака за рака со своите врснички ќе заигра и прошета низ охридските улици, ќе тргне на пат за спас.  Мајката на Симона лично ни кажа дека благодарение на прилогот емитуван на нашата телевизија многу хумани организации се понудиле да помогнат. И не само тоа, вчера телефонски повик добила и од Министерството за труд и социјална политика од каде ветиле покривање на сите трошоци во Европската клиника во Скопје, со цел утврдување на …

Ное 16, 2011

Балетската претстава „Палешка“ пред охриѓани

„Виза ви“, охридското балетско студио, на сцена. Во продукција на Ц.К. „Григор Прличев“, во петок на 18 ти ноември во 18 часот, премиерно ќе се изведе детската балетска претстава „Палешка“, во кореографија на Јулија Милески. Влезот чини 100 денари. Директорката на центарот, Драгана Боцеска, е мошне задоволна од подготвеноста на младите за изведба на претставата, која е работена согласно истоимената бајка „Палешка“, наменета исклучиво за најмладата популација.Средствата за обезбедување на сценографијата и амбиентот ги обезбедило Министерствот за култура, вели Боцеска. Додава дека оваа претст…

Ное 16, 2011

И во Охрид засадено „Дрвото на толеранција“

Уште една акција за поттикнување на меѓукултурниот дијалог. Сега со интересен наслов, „Да засадиме дрво на толеранцијата“. Оваа акција се спроведува по повод 16ти Ноември, Меѓународниот ден на толеранција. Целта на проектот е поттикнување на соживотот меѓу младите луѓе во Македонија за меѓусебна толеранција, соживот, без насилство, и за меѓусебно верско и национално почитување! „Точно напладне, во 12 часот, денес младите ќе засадат дрво на толеранција на која иницијатива Младински совет исто така се приклучи, подржувајќи го проектот кој веќе две години го спроведува Коалиција на младински о…

Ное 16, 2011

Караванот „За здравје се потребни двајца“ пристигна во Охрид

Караванот за бесплатни совети и мерење на шекер во крвта во Охрид. Под мотото „За здравје се потребни двајца“, оваа акција организирана од страна на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и Министерството за здравство, предизвика огромен интерес, не само кај пациентите со дијабетис туку и кај останатите граѓани.Идејата на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, е да се преземе една  поопсежна акција,  со која што не само ќе се мери шеќер, туку ќе се изврши целосен преглед на дијабетичарите, вели Прим Д-р Др. Аврам Ванкоски -Претседател на Сојузот на здруженија на д…

Ное 16, 2011

Грст награди за учениците од „Ванчо Питошески“

Нови успеси за учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од петтиот Меѓународен натпревар на средни угостителски училишта што се одржа во  Сараево – Босна и Херцеговина, охриѓани се вратија со бројни награди. Една златна, три сребрени, две бронзени медаљи, а во екипна конкуренција трето место.  Ученикот Кироски Милчо кој се натпреваруваше во дисциплината презентација на туристичка дестинација, по втор пат годинава од овој меѓународен натпревар се враќа со прва награда. „ Охрид го презентирав како град на Унеско. Во дисциплината туристичка дестинација. Целиот проект им с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top