Ное 28, 2011

Охрид и понатаму без локации за „зорт“

Охриѓани и туристите со години ги мачи еден наизглед банален проблем, немање јавни тоалети во чаршијата, крај брегот и во стариот дел од градот. Ова е проблем на кој подолго време не може да му се стави крај, кога станува збор за елементарните хигиенски  потреби на посетителите на нашиот град. За волја на вистината ова лето општината направи обид проблемот да го санира привремено со 24 мобилни тоалети поставени на 6 локации кои по сезонаатсе повлекоа од употреба. Но, јавни тоалети се потребни и вон сезона и тоа со посовремена санитарна опременост. Најави и добра воља да се изградат има, ама…

Ное 28, 2011

Васко Василевски е новиот директор на Н.У. „Охридско лето“

Министерот за култура, Елизабета Канческа Милеска врз основа на предлогот од Комисијата, одлучи дека Василевски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот.Во согласност со доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2011-2015 година, поседува стручни и други квалитети. Кандидатот во предложената програма нуди предлози за подобрување на техничката опременост и организациското поставување на фестивалот, како и програмско зајакнување, пласман на фестивалот преку маркетиншки активности, техничко унапредување на постојните сцени, како и дополнување со нов…

Ное 26, 2011

Педофилијата е проблем за целото општество

Охридската јавност неодамна беше згрозена од еден случај на педофилија, а тоа за жал не беше единствениот пример. Се работи за табу тема која луѓето почесто ја премолчуваат поради стравот од социјална исклученост. Токму во насока на спречување на ваквите грозоморни акти беше и работилницата организирана од Центарот за социјални работи и Црвениот крст од Охрид. Педофилијата и сексуалната злоупотреба се злодела кои мора да се искоренат. За жал и Охридската јавност неодамна и самата беше сведок на еден ваков грозоморен чин. Овие два поими се табу тема за македонската јавност но и воопшто во св…

Ное 26, 2011

Паѓаат цените на становите

Се градат стамбени згради со станови за сечиј џеб. Ова е најава на екс пратеникот на собранието на Р.М Цветко Грозданов, кој веќе цели шест месеци директорува со Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Грозданов потенцира дека целта на А.Д. кое е под капата на Владата, да не дозволи цените на пазарот драстично да порастат. Додава, дека се тежнее кон замислата, секој граѓанин да може достојно да си го реши станбеното прашање. Но фактичката состојба е сосоема поинаква. Не е иста цената на стан во Скопје и Охрид, со останатите градови од земјава. Грозданов со свое об…

Ное 26, 2011

Парадокси во изборот на прв човек на охридските занаетчии

Според  Димитриески лицето кое ќе биде избрано за оваа функција треба во иднина поцврсто да ги претставува нивните интереси. Не би сакал да ја критикувам работата на поранешниот претседател, кој е познат занаетчија, но треба  да извлечеме поуки  и да бидеме поорганизирани, вели Димитриески. Димитриески укажува дека занаетчиите работат во многу тешко време, во рецесија. Од  заработувачката не   им останува за нивна  презентација со своиет занаети во земјава или надвор. Неорганизирани и без стартегија  не може ни да бараат пари од фондовите. Со добра организација и програма може да издигнеме …

Ное 25, 2011

Еден градежен инспектор

Општо е познато дека години наназад Охрид се соочува со неконтролирана градежна експанзија. Дали се гради легално или не, тоа не може со точност да се каже, бидејќи и надлежниот инспекторат се соочува со реален проблем, дефицит на кадри. Недоследностите кои постојат во градежната сфера во Охрид, колку и да звучи неверојатно, треба да ги открие и санкционира само еден градежен инспектор.  Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, се согласува со нашата забелешка, вели дека е на место и точно е тоа дека се кубури со градежни инспектори. Танасоски рече дека истата оваа забелешк…

Ное 24, 2011

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Охрид ќе добие затворен 25 – метарски базен. Овој објект кој ќе го гради агенцијата за млади и спорт е еден од 9 те пливачки базени, кои ќе се градат наредната година од страна на Агенцијата.  Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена и на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше соопштено дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање. „Пратејќи ги владините седници во кои се зборуваше за Охрид, добив впечаток,  а тоа го кажа и премиерот дека сум вршел опстукции на владините проекти наменети за Охрид. Тврдам дека никога…

Ное 24, 2011

Галичица „на мени“ кај Петрески

Каде се дрвата од шумата на црквата кај Св. Наум? Дали завршија во рацете на одредени гласачи пред последните предвремени парламентарни избори? Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, бара одговор на овие прашање од директорот на паркот, бидејќи смета дека охридската јавност има право да знае што се случува на тоа поле.Петрески на истата адреса лоцира и уште еден сериозен проблем, проширувањето и асвалтирањето на патот до Велество. Работите околу средување на овој патен правец биле отпочнати и биле обезбедени и парични средства, но биле стопирани, рече Петрески. Тој додаде дека сеушт…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top