Дек 5, 2011

Климентовата награда годинава во рацете на митрополитот Тимотеј

„Ова е само кратката биографија затоа што господинот Тимотеј оваа година слави и 30 години откако е владика во Охрид и образложението зошто јас како градоначалник на Охрид и комисијата која ми помагаше во изборот, се одлучивме за господинот Тимотеј да ја добие оваа наша најголема награда „Свети Климент Охридски“.“-вели градоначалникот.Петрески додаде дека доколку можел тој би им дал награди на повеќе апликанти, но едноставно такви се правилата. Покрај Климентовата награда, ќе бидат доделени и трите традиционални Климентови повелби кои годинава отидоа во рацете на професорката Соња Думбалова…

Дек 5, 2011

Во ОУ„Кочо Рацин“ заменети штетните тавани

Реконструирани таваните во основното училиште „Кочо Рацин“. По барање на родителите,  заради штетноста на таванскиот материјал, Локалната самоуправа за помалку од еден месец направи  реконструкција на девет училишни тавани. Додека траеа градежните зафати учениците без прекин посетуваа настава во зградата на подрачното училиште во Горно Лакочереј, информира Серафим Наумоски од одделението за образование при Локалната самоуправа. „Армстронот се замени со нов материјал, а се вароса и целата училишна зграда.“  Директорот на основното училиште „Кочо Рацин“ во населбата Радојца Новичиќ, Соња Спас…

Дек 5, 2011

Што ќе добиеме со „Договорот за дримскиот басен“?

После неколку годишни активносто за лобирање и еколошка дипломатија, во Тирана конечно министрите на надлежните министерства од петте држави кои го делат дримскиот басен (Македонија, Грција, Косово, Србија и Црна Гора),  потпиша договорот за Дримскиот басен. Овој договор е силна рамка која што во иднина ќе ги постави аргументите околу управување со дримскиот басен, а од кои активности трпат позитивни или негативни последици и езерата кои се наоѓаат во басенот, меѓу кои се и Охридското и Преспанското. „По потпишувањето на договорот донаторската заедница излезе со два предлози. Едниот од нив …

Дек 3, 2011

Реакција од кабинетот на градоначалникот: Продолжува жртвувањето на Охрид поради интересите на ВМРО- ДПМНЕ

Од кабинетот на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески пристигна реакција во врска пресот на ВМРО ДПМНЕ. „Поради личните и партиските интереси на ВМРО- ДПМНЕ, а не на Локалната самоупрва и градоначалникот Александар Петрески, неколку години наназад, Охрид и неговите граѓани се вистинската жртва.Поради политички реваншизам , централната власт на ВМРО- ДПМНЕ , не само што не ги поддржува  туку отворено ги кочи сите проекти на Локалната самоуправа, па затоа бесмислено е првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ  Атанаско Михаилов, вината да ја бара кај друг.Очигледно е дека Атанаско Михаилов и …

Дек 3, 2011

Приведени три лица учесници во инцидентот во кафе бар „Пијано“

Портпаротолот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека после интензивната потрага, спроведена  од страна на службите, пронајдени се и приведени три лица кои учествуваа во инцидентот кој се случи на 3 Ноември во кафе барот „Пијано“. По едно лице сеуште се трага.{loadposition content9}

Дек 3, 2011

ВМРО ДПМНЕ реагира поради изгласаните урбанистички решенија

ВМРО ДПМНЕ ден по седницата на совет на која беа изгласани осум предлог урбанистички планови, јавно реагира за истите.  „Дводневното манипучирање со советот од страна на мнозинството на советот предводено од СДСМ и Народна, беше да се обидат да сокријат уште еден голем пазар за гласање на урбанистички решенија во Охрид“, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов.„Мотивот на СДСМ и Народна и мнозинството во тек на два дена да го сменат мислењето околу гласањето на одредени урбанистички планови за кои на почетоткот глумат дека се наводно против за по два дена да гласаат „За…

Дек 3, 2011

Нова просторија за децата со посебни образовни потреби

Светскиот ден за лица со хендикеп е само повод за заеднички проект на Црвениот крст и Ротаракт клубот.  Тие денеска со работна сила и финансиски средства започнаа со реализација на активностите за подготвка на работни простории за децата со посебни образовни потреби. „ Денеска овој проект го изработуваме како дел од проектот ЦКА ПХВ кој е во училиштетво за децава со посебни потреби. Ние се заложивме и на помош ги викнавме членовите на Ротари клубот.Тие се јавија на нашиот повик и заедно го спремивме просторов за деца кои во оваа просторија ќе одржуваат настава“, вели волонтер во Црвен крст …

Дек 3, 2011

Златната соба ќе блесне на 8 декември

Во Музејот на Робевци  се прават  интензивни подготовки за отварање на Златната соба. Се поставуваат аларми и безбедносен системи со инфра црвени зраци. Сигурносниот систем кој се вградува како што дознаваме по ништо не заостануваат зад најсовремените системи за сигурност во светските музеи. За археолошкото  богатство кое ќе биде тука изложено  е потребен висок степен на сигурност и ништо не се остава на случајност. Како што дознаваме артефактите ќе се обезбедуваат и со чуварска служба. Во Златната соба се реконструира и  гробницата каде што е прoнајдена Требенишката златна маска.  Покрај т…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top