Дек 17, 2011

17-ти Декември – Ден за борба против насилството врз сексуалните работници

Денешниот ден, 17-ти Декември се одбележува како Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници. „Опција“ од Охрид која е невладина организација што работи на програми за поддршка на сексуални работници во Охрид и Струга, со низа активности и едукативни предавања се вклучи во одбележувањето на 17-ти Декември. Целта е да се даде поддршка во борбата за подигнување на јавната свест но и почитување на нивните основни човекови права и слободи.Од невладината организација потенцираат дека овој ден ги обединува сексуалните работници од целиот свет, заедно да проговорат за ста…

Дек 17, 2011

Гробарина мора да се плати, може и на рати

Налог за наплата на гробарина. 1200 денари е износот на сумата, која корисниците на гробно место на охридските градски гробишта треба да ја издвојат за 2011 година. Дел на охриѓани кои не сакаа да коментираат пред нашата камера кажаа дека новата давачка на ЈП им дошла како гром од ведро небо, бидејќи сумата не е мала за да се плати одеднаш посебно ако се земе предвид дека има и такви корисници кои имаат и повеќе од едно гробно место. За оваа забелешка на јавноста надлежните на ЈП Градски гробишта имаат свое оправдување. Според координаторот на ова претпријатие, Драган Пандески, воведувањето…

Дек 17, 2011

Граѓаните од општината бараат решавање на комуналните проблеми

Подобра патна инфраструктура, решавање на разни видови комунални проблеми, изградба на дом за стари лица и спортски игралишта, отстранување на физичките препреки за лицата со хендикеп се дел од барањата на месните заедници, здруженијата и граѓаните за реализација во 2012 година.На јавната дебата, за Фискалната стратегија за 2012 година на Локалната самоуправа, градоначалникот Петрески и раководителите на секторите ги сослушаа граѓаните кои  бараат како приоритени потреби да влезат за реазлизација од  општинскиот буџет за престојната година. Се дискутираше што е  можно со буџет од околу  5 м…

Дек 16, 2011

Дали конечно се најде решение за отпадните води на потегот Градиште-Св.Наум?

Отпадните води на потегот Градиште-Свети Наум ќе се пречистуваат во две пречистителни станици. Според физибилити студијата која ја изработија Хидро Енерго Инженеринг и Поинт про од Скопје, беа предложени 6 можни решенија од кои три се базираа на досегашниот систем на собирање и пречистување на водата. Поради специфичноста на подрачјето изработувачите на студијата гарантираат задолжително терцијарно прочистување на отпадните води. Според нив, водата која ќе биде испуштана во езерото по терцијарното пречистување, ќе биде со исклучително висок квалитет.„Заедно со Проаква и другите стручни лица…

Дек 16, 2011

ТЛЕР отворен за нови предлози од туристичките субјекти и претприемачите

Подобрување на инфраструктурата, поддршка на туристичките агенции, печатење на промотивен материјал за Охрид, учество на саеми и  бизнис манифестации се само дел од приоритетните планови за 2012 година на Секторот за туризам и локален економски развој. Од овој сектор информираат дека ќе продолжат во рамките на своите ограничени финансиски можности да дава  поддршка за развој на туризмот и на локалниот економски развој. Во предвид ќе ги земат сите проекти на заинтересираните апликанти доставени на нивна адреса. Времето покажува дека граѓаните се повеќе се обраќаат  до нашето оддление вели ра…

Дек 16, 2011

„ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ“

Истрајноста и стрпливоста која е белег на нашето поднебје, предмет на интерес на американскиот мултимедијален уметник Ерон Крач. Неговата уметничката проект-инсталација насловена, ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ е основана за оваа временска поента и e поставена на билборди на две локации околу Охридското Езеро и една во централното градско јадро на Охрид. “Фразата е лична”, вели авторот и, „претставува клише за истрајноста и стрпливоста. Но повеќе ми се допаѓа како јавна изјава, изјава за фактот, колку долго или бавно може да се развива историјата“, додава тој.Крач ја посети Македонија на почетокот на ов…

Дек 16, 2011

Отпочната изградбата на муслиманска капела

Иницијативата веќе три години се провлекува, вели муфтијата …. Факт е дека на градот повеќе од потребно му беше еден ваков објект кој ќе се употребува за повеќе верски намени, додава тој.Муслиманската капела се гради согласно законот за градски гробишта, вели Драган Пандески, координаторот на ЈП Градски гробишта. Таму стои дека во секое населено место со над 5 000 жители неопходна е изградба на ваков објект додава тој.Муслиманската капела ќе се гради по Европски стандарди, со сите пропратни содржини. За нејзина изградба ќе се вложат средства од над 100 000 евра. Истата ќе биде голема окол…

Дек 16, 2011

Потврдени затворските казни на обвинетите за убиството на српскиот турист Новаковиќ

Основниот суд во Прилеп утрово ја соопшти пресудата за убиството на српскиот државјанин Дејан Новаковиќ, во повтореното судење, откако битолска апелација ја укина првобитната пресуда за четворицата обвинети за учество во толпа со смртни последици лани во Охрид.На тројца од обвинети, судот им ги потврди затворските казни – четири и пол години за Илче Јоноски, 4 години за Митре Костоски и една година затвор за Ѓоко Наумоски.Единствено на првообвинетиот српскиот државјанин, Драган Ѓорѓевиќ, кој е во бегство, судот му ја намали претходната казна од 5 години, на четири години и девет месеци затв…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top