17-ти Декември – Ден за борба против насилството врз сексуалните работници

„Опција“ од Охрид која е невладина организација што работи на програми за поддршка на сексуални работници во Охрид и Струга, со низа активности и едукативни предавања се вклучи во одбележувањето на 17-ти Декември. Целта е да се даде поддршка во борбата за подигнување на јавната свест но и почитување на нивните основни човекови права и слободи.

 |  Татјана Маленкова  | 
den za borba protiv nasilstvo vrz sex rabotnici
den za borba protiv nasilstvo vrz sex rabotnici

den za borba protiv nasilstvo vrz sex rabotniciДенешниот ден, 17-ти Декември се одбележува како Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници. „Опција“ од Охрид која е невладина организација што работи на програми за поддршка на сексуални работници во Охрид и Струга, со низа активности и едукативни предавања се вклучи во одбележувањето на 17-ти Декември. Целта е да се даде поддршка во борбата за подигнување на јавната свест но и почитување на нивните основни човекови права и слободи.
Од невладината организација потенцираат дека овој ден ги обединува сексуалните работници од целиот свет, заедно да проговорат за ставот против дискриминацијата.
den za borba protiv nasilstvo vrz sex rabotnici„Со своите делувања, сексуалните работници се обидуваат да ја подигнат свесноста кај пошироката популација, која секојдневно манифестира агресивно однесување и насилство кон маргинализираната група“, вели теренски работник – Опција, Охрид Мирјана Митеска.  Митеска не откри колку сексуални работнички има регистрирани во центарот Опција. Таа само додаде дека загрижува фактот што бројката расте.
17 декември ги обединува сексуалните работници од целиот свет и им дава потик заедно да проговорат за ставот против дискриминацијата, затоа што јавноста често заборава дека и сексуалните работници имаат право да ги уживаат човековите права, кои честопати се кршат и нарушуваат.
Идејата за првичното одбележување на 17-ти Декември произлегла од Д-р Ени Спринкл, со цел да им даде поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот на 46 сексуални работнички од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон.
Во Република Македонија од печат излегува и списанието „Од нас за нас“,што го уредуваат и издаваат сексуалните работници од здружението „Стар“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top