Традиционален Новогодишен Хуманитарен Концерт во организација на Лајонс клуб од Охрид. Во духот на лајонизмот, охридските „витези на слепите“ со ваквите акции допринесуваат да им се подобри состојбата на оние на кои помошта им е повеќе од неопходна. Концертот кој се одржа синоќа е петти по ред во организација на Лајонс Клуб Охрид и со него охридските лајонси покажаа дека Охрид изобилува со млади таленти, но и граѓани кои се хумани.
„Вечерва имавме прилика и чест да присуствуваме на хуманитарен концерт каде доминираше нашата иднина и нашата младост“ истакна гувернерот на дистрикт 132, лајо…
Овој училишен проект е дело на ООУ „Ванчо Питошески“, во соработка со хотелите „Дрим“, „Белведере“, „Дипломат“ и „Милениум“. Денес во рамките на одбележувањето на 50 годишниот роденден на училиштето, белег на проектот му даде натпреварот на учениците во повеќе дисциплини од работата во хотелско угостителските капацитети. Директорот на училиштето Секула Баткоски ја потенцира важноста на овој настан, како и целта која сакаат да ја постигнат преку реализација на проектот.
Децата го дадоа својот максимум за реализација на проектот „Млади таленти – практиканти“, вели нивниот менторот проф. Јелис…
После 7 дневна неизвесност Златко Старкоски и официјално стана директор на МЈП „Проаква“. Денес својата согласност и потпис на документот за назначување на директор го стави и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на кој всушност се чекаше цело време. На што се должи задоцнетата реакција и каква ќе биде понатамошната судбина на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“,и дали од Шпанија ќе пристигне инфузија, која ќе го извади од колапс, ќе покаже времето.
{loadposition content9}
Веројатно сонот на многу луѓе е да започнат сопствен бизнис. Можноста да го реализираат овој свој сон добија 25 невработени лица со помош на Агенцијата за вработување од Охрид и Фондацијата за подршка на претпријатијата. Проектот „Градење на заеднички патеки за можности за вработување во пограничниот период“ е подржан од Европската унија и исклучиво е наменет за невработените лица. Имено овој проект беше изработен уште во 2009 година од страна на фондацијата за подршка на претпријатијата од Охрид, меѓутоа одобрен беше дури во Март оваа година. Учесниците задоволни од можностите што ги нуди…
Лековите и здравствената подршка се луксуз за 35 годишната Јасмина Борисова од Охрид. Таа пред три години преживеала мозочен удар а година по тоа и шлог. Борисова е самохрана мајка на две малолетни деца. Живее од социјална помош и во нејзиниот дом месечно влегуваат едвај 6 000 денари. Борисова вели дека тешко закрепнала од ударот и сеуште ги трпи последиците од него. Борисова наеднаш изгубила 20 килограми од својата тежина и сега има помалку од 40 килограми. Вели дека сите лекарства кои одат на негативна листа ги прекинала, бидејќи за истите нема средства да си ги купи. Во моментов на Борис…
Учениците и наставниците од турска националност прославуваат. Денеска се одбележува денот на наставата по турски јазик, кој во државава со одлука на владата на Р Македонија, се прославува од 21 декември 2007 год.„По повод денот на наставата на турски јазик денеска од ООУ Братство единство, заедно со наставниците присуствуваа на централната приредба која се одржа во салата Борис Трајковски и на која беа доделени плакети за најдобрите ученици. „ Денот вчера во нашето училиште се одбележа со свечена приредба која ја организираа учениците заедно со наставниците. По повод денот беше изготвен …
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи на трите природни езера и 18 вештачки акумулации да се лови риба. Оваа одлука следи по 7 годишната забрана за секаков вид на риболов, и три години по изработувањето на Риболовните основи од Хидробиолошкиот институт. На Охридското езеро, според оваа студиозна програма, ќе се лови според строго определени услови за двата концесионери, и за рекреативен и за стопански риболов. За 2011 година експертите од Хидробилошки институт дозволиле за рекреативен риболов да се ловат 2000 кг Охридска пастрмка, белвица 500 кг и плашица 200.0…
Формиран првиот туристички кластер во Македонија. Преку овој кластер, со здружени сили на сите општини од овој регион, ќе се промовира туристичката понуда. Целта-подеднаков квалитет на туристичките услуги во целиот регион. Ред се редат начините и алатките кои се користат со цел Охрид и регионот да достигнат висок квалитет на туристичката понуда. Формиран беше туристички кластер на Југозападна Македонија. „Во време на глобализација, вмрежувањето на претпријатијата и соработката меѓу нив во кластери воопшто, подобро се носи со проблемите и кризите“-со оваа мисла координаторот на овој туристич…