Дек 29, 2011

Пакетчиња за децата од ранлива категорија од ООУ „Братство единство“

Пакетчиња за дечињата од ранлива категорија од ООУ Братство Единство. Им ги подели лично ДеДО Мраз, а ги обезбеди Туристичката агенција Летс Травел.„Покрај работата во Туризмот „lets travel“ го посети и мултиетничкото училиште Братство Единство и во периодот на дарување му посветивме мало внимание на децата кои учет во ова училиште. Овие деца се наши големи херои и им благодариме што ни дадоа шанса да се дружиме со нив и им порачуваме на сите наши партнери, да издвојат мал дел од нивниот буџет и да допринесат во вакви организации затоа што и нашиот мал дел кој го издвојуваме за нив е голем“…

Дек 29, 2011

Успешно реализирано прво издание на квизот „И јас сум Црвен крст“

Црвениот крст успешно го реализира квизот  „И јас сум Црвен крст“ . Од 2012  се надеваат дека истиот ќе прерасне во традиционален. Подготовките и реализацијата на квизот се спроведе во изминатиов месец. Во квизот беа вклучени 260 основци кои најпрво ги добија матријалите од кои требаше да  научат за работата и делувањето на Црвениот крст. „ Идејата е да се прошират знаењата за Црвениот Крст кај најмладите да се потикне хуманоста нивниот волонтерски дух да се вклучи во активностите од Црвениот Крст. Во Квизот беа опфатени сите училиште од Охрид и општина Дебрца. Најпрво имаше интерни квалифи…

Дек 29, 2011

Државата ги презема долговите на охридски ЕМО

Најреално можно решение за судбината на охридски ЕМО. Македонските пратеници, вчера го усвоија Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во АД ЕМО Охрид. Станува збор за дел од еден поголем пакет кој значи комплетно решавање на состојбата во ЕМО кој чини 7 милиони евра, објаснува пратеникот Александар Николоски.„Во текот на вчерашниот ден Собранието на република Македонија го усвои Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во АД ЕМО Охрид. Ист ваков закон беше донесен во 2…

Дек 29, 2011

Охридските училишта ќе се санираат – изградба на нови нема

За 2012 година, Локалната самоуправа од буџетот планира со 32 милиони денари да ги подобрува условите во основните и средните училишта. Училишните згради се стари објекти кои постојано бараат санирање  и подобрување на училишните простории за учениците да имаат квалитетен престој во нив, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа. Во наредната година во најголем дел  планирани се санација на  подовите во училиштата, реконсрукцијата на санитарните јазли, замена на делови од кровните конструкции и дограмите. Во програмата за реконструкција на училиштата влегува и ОУ Христо Узунов кое во мо…

Дек 28, 2011

Нова Година без петарди и пиротехнички средства

Во овој период од годината, пред новогодишните празници вообичаени се активностите на СВР насочени кон пронаоѓање на лица физички и правни кои вршат нелегална продажба на петарди и друга пиротехника. Досегашните активности покажуваат дека вродија со плод акциите кои во континуитет годиниве наназад ги превзеде МВР во сузбивање на нелегалната продажба на пиротехнички матријали.„ Сакам да напоменам дека во текот на годиниве наназад ние  во континуитет напредуваме и од репресивен план превземеме мерки во оваа насока во сузбивање на нелегалната продажба на пиротехнички матријали. Тука потенцирам…

Дек 28, 2011

Секторот за ТЛЕР нема пари ниту за карневалот Куратица ниту за Водици 2012

Осиромашена програмата за туризам и локален економски развој. Еден од клучните сектори за поттикнување на економските ефекти во градов, 2012 година ќе ја турка со двојно помал буџет.На вчерашната седница програмата за ТЛЕР беше една од најостро критикуваните. Опозициските советници се посомневаа во полезноста и ефектите на проектите на овој сектор. Вистинска непознаница е зошто општината одобри двојно помал буџет со оглед на фактот дека голем дел од манифестациите по кои Охрид е препознатлив, годинава ќе бидат осиромашени. „Годинава имаме големо намалување и немање на некои одредени активно…

Дек 28, 2011

Преку ноќ исчезнаа синдикалните плакати на охридските улици

Непознати сторители ги отстраниле синдикалните плакати од охридските улици кои повикуваа на утрешниот јавен  протест што ќе се одржи во  Скопје. За членот на Претседателството на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството од Охрид, Драган Молкоски, ваквиот чин не е изненадување. „Ова е една слика за односот и грижата на некои членови од заедницата кон нашите права. Oдсекогаш сме имале опоненти, без некој да разликува дека го ништи нашиот синдикален денар кој е скромен. Со скромни средства правевме напори да ги информираме граѓаните и работниците да дојдат што помасовно на протес…

Дек 27, 2011

Спомен обележје за Богојавление

Уште една иницијатива за подигнување на спомен обележје во Охрид. Идејата е на годинешниот кум на манифестацијата Водици 2012 год, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, кој пред се со оваа иницијатива сака да донира за градот и граѓаните, верниците и гостите, а воедно да остане и траен белег во градот каде што се одржува најмасовната прослава на Водици. Димитар Пендо од Здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“, Охрид, рече дека писмото кое што вчера го добиле од Чифлиганец, веќе е испратено до сите релевантни институции кои треба да дадат согласност за реализација на оваа идеја.Дел од п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top