Како главен предуслов за подпросечниот број на пациенти со вирусни заболувања, Д-р Михаилов пред се го наведува бројот на примени вакцини против сезонскиот грип. Имено, од самиот почеток на сезоната на грипови, во Охрид се вакцинирани околу 2200 лица.„Препораките кои што редовно ги даваме и кон граѓаните и кон останатите субјекти во градот дека треба да се придржуваат кон она што го викаме превентивни мерки. Да се носи топла облека, да не се изложуваат на екстремно ниски температури, да немаме групирање во големи групи во простории каде што можноста за пренесување на инфекцијата е голема, д…
Камуфлиран медицински отпад се најде во контењерите за комунален смет. Од ЈП „Охридски Комуналец“, загрижени за според нив, вака неодговорното однесување на сторителите на ова дело. Оттаму го посочија виновникот. Директорот на претпријатието Сашо Алче вели дека проблемот се провлекува неколку недели. Тој додаде дека веднаш после првото забележување на медицински отпад во контењерите на ул . Сирма Војвода во близина на охридскиот болнички комплекс, од страна на вработените во ЈП, најдобронамерно им било укажано на директорите. Чашата се прелеала во моментот кога и покрај укажувањата на дирек…
„Најидеално решение за целиот здравствен систем во земјата а следствено и за македонската кардиологија е, да ние тој објект на поранешната детска болница го добиеме за нашите потреби. Да биде реконструиран и адаптиран за изведување на дијагностички и терапевтски процедури од областа на адултната кардиологија. Ние ветуваме и дадовме наши развојни планови со кои ќе овозможиме во тој центар да се развие и детска кардиологија“објаснува Бакрачески.Оваа идеја во тек на месец мај минатата година, била дообработена од страна на стручните лица од Министерството за здравство и истата била образложена…
Снегот кој интензивно паѓаше во изминативе денови во градот и околината не предизвика посеризони проблеми. Охрид е еден од најчистите градови во земјава, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Граѓаните, сопствениците на деловните простори и службите на ЈП „Охридски Комуналец“ совесно го испочитуваа Законот за јавна чистота, вели Танасоски.„Задоволен сум во однос на дисциплината на граѓаните во расчистување на снегот пред своите домови и деловни простори. Комуналните редари и комуналниот инспектор секојдневно дежураат. Тие изрекле само 37 прекршочни пријави до нес…
Денес е 14ти Февруари, православен Свети Трифун, денот кога лозарите закројуваат три пенушки од своето лозје со надеж дека тоа ќе им донесе бериќет, многу грозје и многу вино. Истовремено овој датум носи и поинакво значење. 14ти Февруари е денот на католичкиот бискуп Валентајн, кој се смета за заштитник на вљубените. Она што некогаш го имаше само на холивудските филмови, сега е реалност и во нашата земја. Покрај Свети Трифун, се повеќе млади го слават и Денот на вљубените. Се купуваат црвени рози, слатки мечиња, и секакви подароци, се само за да се каже „Те сакам“ на љубениот или љубената. …
Ловци од охридското здружение деновиве одстрелале неколку волци. Волците биле забележани во населени места и во ловиштата за крупен дивеч во Брежани и Завој. Појава на волци кои во зима во потрага по храна се спуштаат во градот имало и порано. Така, ланската година еден волк беше отепан во каналот Билјанини извори. Ловците сега се изненадени од нивното присуството во северниот дел на градот. Ловникот Зоран Целакоски вели дека ловците во хајка во близина кај Винарска визба отстрелале 2 волци, а уште два на терен за крупен дивеч“. Министерството за земјоделство, шумарство и водосто…
Евентуалната појава на поплави не би требало да ја изненади Општина Охрид. После обилните врнежи на снег, граѓаните стравуваат од повторување на сценариото од пред две години, кога токму поради тоа, голем број домаќинства останаа поплавени. Од Локалната уверуваат дека се подготвени за одржување на речните канали и на најкритичните точки.„Навистина се влошени временските прилики, но ние на одредените делови на каналите веќе интервениравме минатата година и пред минатата, па сметаме дека и покрај ваквите временски услови ќе нема последици“, вели Симон Илиески, портпарол на Оптина Охрид.Илиевс…
Сметководителите пред свршен чин поради измените во поднесувањето на годишните сметки. Рокот е одамна познат. 29-ти Февруари е датумот до кој годишните сметки мора да бидат поднесени во Централниот регистар, но и даночните биланси во Управата за јавни приходи. Ако сметководителите не го испочитуваат овој рок, може да се соочат со ригорозни санкции.Нови билансни шеми и обрасци при поднесувањето на годишната сметка. Поради последните измени, сметководителите ќе се соочат со зголемен обем на работа. Освен податоците од тековната година, во новите обрасци ќе се бараат податоци и од претходната …