Фев 17, 2012

Бидете хумани! Донирајте храна, топла облека и ќебиња

Уште еден апел од општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Потребни се нови донации во кои меѓу другото, најважни се лековите за хроничните болни. „Последниве денови се соочуваме со се поголема потреба од храна има се повеќе семејства кои што се јавуваат и имаат навистина потреба од храна и навистина воочувајќи ги состојбите на терен апелираме до сите приватни сопственици на мали маркети, дури и на оние поголеми маркети кои што можат со прехрамбени производи да помогнат во наредниве неколку денови, да помогнат. Ние очекуваме помош и до Црвениот крст на Македонија веќе е испратено…

Фев 17, 2012

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ги слушна апелите на Црвениот крст

Временските услови и натаму ризик број еден за социјалните семејства од Охрид, Струга и околните населени места. Во неколку наврати општинската организација на Црвениот крст од Охрид апелираше до јавноста со цел да им се помогне на овие семејства. Во последниот апел се бараше топла облека и ќебиња. Овој апел допре до Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа свој придонес во хуманитарната акција. Од општинската организација на Црвениот крст од Охрид задоволни од помошта.„Одзивот е навистина задоволителен посебно во делот на набавување на половен текстил и она што ни беше примарно, обезб…

Фев 17, 2012

Дали има крај на тепачките во Охрид?

Не запираат инцидентите во Охрид. Уште една тепачка ги вознемири охриѓани. И покрај активните напори на полицијата за спречување на ваквите инциденти во кои се повредени голем број на лица, засега нив не им се гледа крајот. Последниот ваков инцидент се случи вчеравечер во 20 часот и триесет минути на улица „Цар Самоил“. Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи при настаната тепачка помеѓу лицата Н.Д.(29), А.Ф.(31)и А.Ј.(31) од една страна и С.Т.(33) од друга страна , сите од Охрид,  им пришло лицето  Н.Ч. (36) од Охрид и  се обидело да ги раздели . Притоа  Н.Ч.  …

Фев 16, 2012

Јузмески – најдобар промотор на Македонија за 2011 год

Љупчо Јузмески еден од четворицата лауреати на наградата “Најдобар промотор на Македонија”за 2011. Покрај него ова високо признание го добија уште и Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, човекот кој освои најголем број на гласови од јавното гласање кое се спроведе на социјалната мрежа facebook, а траеше четири месеци. Јузмески  восхитен и радосен упати благодарност кон сите кои гласале за него како и на честа што токму тој беше избран од facebook пријателите и од жирито за н…

Фев 16, 2012

Михаилов бара извинување од Алче

Ноторна лага и клевета се обвинувањата кои ги искажа директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, на адреса на Центарот за Јавно Здравје. Не можеме и не смееме да дозволиме некој да оцрни една вака одговорна здравствена институција, посебно од аспект што позади неа стои еден долгогодишен добро обучен тим на доктори, пред се професионалци, вели директорот на Центарот за Јавно здравје, Атанаско Михаилов. Тој застана цврсто во одбрана на својата институција и потенцира дека сите вработени биле згрозени од она што го слушнале од страна на директорот на Комуналец.Во име на центарот за Јавно…

Фев 16, 2012

МЈП Проаква ќе ги исклучува должниците

Од МЈП Проаква ги известуваат корисниците дека согласно законските прописи започнаа со постапката за наплата на надоместот за потрошена вода преку нотарите и извршителите и апелираат до корисниците доброволно да ги подмират своите долгови, за да не се изложуваат на дополнителни трошоци за повторно вклучување во водоводната мрежа.  Исклучени ќе бидат и оние корисници кои не го почитуваат склучениот Договор за исплата на заостанатиот долг на рати.   {loadposition content9}

Фев 16, 2012

Сопствен бизнис за излез од безработицата

Расте интересот кај невработените охриѓани за самовработување. Невработените лица кои редовно се пријавуват во центарот за вработување, имаат можност да аплицираат во повеќе проекти за започнување на сопствен бизнис. Така, од средината на декември се спроведуваше проектот „Самоврaботување – од идеја до бизнис“, со кој се даваше можност за формализирање на веќе постоечките бизниси. Иако апликациите по таа активна мерка завршија, интересот кај невработените e многу голем, објаснува директорот на центарот, Ване Баткоски. „Доствени се пријавите во Скопје и веќе е извршена селекција, на пријавен…

Фев 16, 2012

Заврши кампањата за вакцинација против ХПВ вирусот

Денес заврши заедничката кампања на министерствата за здравство и образование „Да се бориме заедно против ракот на грлото на матката“, односно кампањата за бесплатна вакцинација на девојчињата против ХПВ вирусот. 500 евра казна за родителите кои нема да дозволат вакцинирање со ХПВ вакцина, против рак на грлото на матката на нивното девојче. Кампањата, во Охрид,  со катастрофален резултат, вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. До основните училишта во земјава биле доставени известувања за задолжителна вакцинација на девојчињата од 12 до 14 годишна возраст, по што Директорите на училиштата…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top