Климентина Кралевска од селото Горна Белица одлучила својата викендичка да ја издава на домашни и странски гости, а со тоа да си го зголеми семејниот буџет. Таа за прв пат се одлучила на ваков чекор откако ги посетувала обуките за развој на ваков вид на туризам. Нејзините очекувања се прилично оптимистички. Таа вели дека местото е многу убаво, се наоѓа на 1600 м надморска височина што многу позитивно влијае на здравствента состојба, а ги има и сите останати услови како добра патна инфраструктура, водоводна мрежа и електрична енергија. Развојот на селскиот туризам во регионот на Јабланица од…
Деновиве, помеѓу охриѓани повторно станува актуелна веста дека дуќаните во охридската чаршија ќе се надградуваат. Кај загрижената јавноста се повеќе се подгрева стравот дека доколку оваа информација е точна градот е на пат да ја изгуби душата на старата охридска чаршија. За да дознаеме колку вистина има во колуарските кажувања се обративме до секторот за урбанизам и просторно планирање и до охридскиот Завод и Музеј. Портпаролот на Локалната самоуправа Симон Илиески кажува дека постапката за доградбите на дуќаните е во завршна фаза. Се чека само крајниот збор на Министерството за транспорт…
Охридската јавност веќе неколку недели ја брануваат случувањата со угинувањето на плашицата во каналот Студенчишта. Како тоа да беше малку, вчерашните препукувања околу тоа кој бил виновен за политизирање на целиот проблем, дополнително ја усложни ситуацијата. Од коментари со политичка конотација денес се огради државниот секретар при министерството за животна средина, д-р Соња Лепиткова. Таа посочи дека грижата за овој чувствителен еко-систем треба да биде на исклучително ниво и дека ова е проблем кој не засега сите. Д-р Лепиткова го потврди веќе добро познатиот став околу причините за уги…
Премногу политика околу проблемот со водата која ја пијат Охриѓани, смета градоначалникот Александар Петрески. Тој денеска на пресс конференција обвини дека наводни експерти деновиве собираат политички поени, велејќи дека поради прекумерната урбанизација на градот, угинува плашицата во каналот Билјанини Извори, а охриѓани ќе останат без вода за пиење. „Одговорно тврдам дека изворите во Бејбунар и Билјанини Извори, доаѓаат од Галичица, место каде нема никаква урбанизација, а не прекумерна, вели градоначалникот.Тој појасна и дека спорните извори за кои локалната е најмногу обвинета што охриѓа…
Распит на сведоци и барање за ново вештачење. Новото судско рочиште за глисерската несреќа започна со распитот на двајцата сведоци, Данаил Шајноски и Богоја Мангоски, сопственик и вработен во ресторанот „Летница“ од С. Радожда, кои пред основниот суд во Охрид посведочија дека на критичниот ден, семејството Муцунски, биле гости во нивниот ресторан. Истите се задржале во ресторанот неколку часа, каде освен ручекот, поделиле едно шише вино од 0,2 дл и додека сеуште било ден, со своите пловни објекти заминале накај Охрид. И двајцата сведоци потврдија, дека почината Ирина Муцунска го управувала …
Демо Илбер е жител на улица „Железничка“. Тој заедно со сопругата и нивните шест деца веќе неколку години преживуваат како знаат и умеат. И двајцата се невработени, а нивните две најстари деца одат и на училиште. Покрај сите сметки, тие плаќаат и 720 денари кирија за бараката во која живеат. Пред околу три години семејството Илбер било корисник на социјална парична помош во висина од 2.200 денари. Сега им ги укинале и овие пари бидејќи поседувале возило на нивно име. „Тоа возило сега е фрлено во отпад, се обидов повторно да аплицирам за социјална помош ама ме одбија, ми рекоа дека треба да …
Ревидираната стратегија за развој на туризмот конечно е усвоена. На изготвувачите од ресорното министерство им требаа цели три години за нејзино финализирање. Во меѓувреме, во туризмот се работеше според ревидиран акционен план со важност од 2011 кој ќе трае се до 2015 година. Раководителот на секторот за туризам при ресорното министерство, Зоран Николоски вели дека е задоволен од резулататите постигнати со примената на ревидираната Стратегија. Тој потенцира дека основната цел им била да ги согледаат и надминат досегашните слабости во туризмот, а резултатите се веќе видливи.„И претходна…
Уметноста е еден вид убава зависност и добро е секој еден да се посвети на тоа. Оваа порака ја пренесоа младите охридски уметници, вклучени во проектот уметничка мрежа на социјална скулптура, во реализација на Културниот центар Медија Артист, како и во соработка со СВР – Охрид и нивниот проект „Дрога вистина и заблуди“. Портпаролот на СВР Стефан Димоски, вели дека за прв пат се случува една ваква соработка, која покажа голем квалитет. Тој потенцира дека бележат драстично намалување на нарко зависници кај младата популацијата од 15 до 18 год, што како резултат го препишува на успешна реализа…