Јан 7, 2013

Бадник во струшкото ГРГ маало

Бадник во Струшката ГРГ маало. Ден пред Божик, стружани запалија оган, обезбедија музика и погача со паричка. Вака синоќа започна прославата за Бадник. „Славиме цела мала заедно без разлика на тоа кој е кум и ако имаме еден кум сите се оганизираме заедно. Пред 13 години почнав како кум јас, многу малку луѓе со пет, шест фамилии, постепено се проширувавме и денеска еве дојдовме до оваа масовност, а очекуваме и уште повеќе и во 12 часот имаме околу 120, 130 луѓе на ручек“, вели Милутин Аврамоски.„Да има мир и уште многу години да се собираме и дружиме, е нашата најголема желба“, вели Аврамоск…

Јан 8, 2013

Охрид се подготвува за подземен катастар

Локалната самоуправа подготвена да го координира процесот на создавање дата база на податоци за подземниот катастар. Со подземниот катастар  ќе се избегнат оштетувањата на сите видови подземна инсталација што сега случуваат при градежните зафати. Инвеститорите многу често се соочуваат со оштетени водоводни и канализациони мрежи, пресечени телекомуникациски и електрични кабли заради  непостоење точни податоци на местоположбата на подземните инсталации и водови.  Kако превентива од ваквите дефекти се подготвува Закон за подземен катастар. На територија на општините за тој зафат координатори ќ…

Јан 7, 2013

Охриѓани масовно ги посетија светите храмови

„ Христос се роди- Навистина се роди“,  е денешниот поздрав со кој меѓусебно се поздравуваат православните христијани. Тие го празнуваат раѓањето на спасителот Исус Христос. Утринските богослужби кои се одржаа во  светите храмови беа преполни со верници.  Црквите беа посетувани од православните христијани и во текот на целото претпладне, а при тоа беа посакувани најубави желби. Се палеа свеќи, а најчестата молитва беше за здравје и мир. Свештеникот Диме Азески од православниот храм „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско, не потсетува на значењето на овој голем христијански празник. Хрис…

Јан 7, 2013

2012 – успешна година за Охридскиот професионален театар

4 премиери и изиграни над 60 претстави за нацела година, е билансот на работата од првата година од возобнувањето на охридскиот професионален театар. Директорот на оваа културна институција Горан Стојаноски повеќе од задоволен од сработеното во минатата година, но ветува дека тоа беше само почеток затоа што најдоброто од оваа уиграна екипа допрва следува. „Самиот факт покажува дека 4 премиери подразбира 8 месеци секојдневна работа, по два месеци од претстава, а од друга страна Охрид веќе може да се пофали со репертоар и ако за краток период и со традиција. Кога странци доаѓаат во одреден гр…

Јан 5, 2013

Охриѓани забрзано се подготвуваат за најголемиот христијански празник, Божик

  Пред Божик, зад Божик кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божик, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувњето на Божик започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје и се она што е посно за да се направи свечената бадникова трпеза.Пону…

Јан 5, 2013

Ротаријанците со хуманитарни пакети за социјалните семејства

Нова хумана акција на Ротари и Ротаракт клубот од Охрид. Денес ја организираа веќе традиционалната добротворна акција во која тие помагаат на социјално загрозените семејства од Охрид. Акцијата ја нарекоа мала и скромна, но нејзиното значење веројатно најдобро го разбираат  оние кои се всушност и целта на оваа акција. Од Ротари клубот „Охрид“ велат дека на нивно задоволство во изминативе две години, акцијата станува се помасовна и поуспешна.„Се работи за составување на годинава веќе повеќе од 100 пакети со основни прехрамбени продукти и средства за хигиена за социјално загрозени семејства во…

Јан 4, 2013

СВР се поднови…

СВР доби 11 нови возила, од кои 5 во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски открива дека се работи за современи возила опремени со современа техника  и технологија која им е неопходна на сите полициски службеници во извршувањето на службените обврски.„ Овие возила се опремени со тетра систем кој е најсовремен за комуникација помеѓу полициските службеници. Има и друга опрема која е неопходна за полициските службеници во делот на превземањето на своите овластувања. Од овие 11 возила, 3 ќе одат во ПС во Струга, 2 во Кичево, едно во Дебар, а 5 остануваат во Охрид. Станува збор за исклу…

Јан 4, 2013

Ограбена златарата „Голд“ во Охридската чаршија

СВР превзема широк спектар на активности со цел пронаоѓање на двете лица кои синоќа околу 19 часот и 45 минути  во златара во Охрид во централното градско подрачје извршија кривично дело разбојништво. Имено во моментот на разбојништвото во златарата се наоѓала вработена која под закана со пиштол од еден од крадците се повлекла во ќошот од златарата, а другиот го одземал златото.Портпаролот на СВР Стефан Димоски открива дека Секторот има добри оперативни сознанија по кои интензивно се работи, а се проверуваат и сите информации кои од синоќа доаѓаат до полициските службеници. „Ангажиран е цел…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top