Охриѓани забрзано се подготвуваат за најголемиот христијански празник, Божик

Охриѓани  денес купуваа овошје и други производи за да ја направат бадниковата посна трпеза. Желба и традиција за славење се има,  но се немаат пари, велат тие,

 |  Јаковлева Лионела  | 
badnikovo grance
басдниково гранче

 

Пред Божик, зад Божик кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божик, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувњето на Божик започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје и се она што е посно за да се направи свечената бадникова трпеза.bozik

Понудата на градскиот пазар голема, но побарувачката мала. ЗА тоа пред се е заслужен малиот буџет на граѓаните и високите цени на производите. Само за пример 1кг костени чинат од 80 до 160 ден. КГ мандарини се 50 ден, три кг портокали се продават по цена од 100 ден., 1кг чистени ореви се од 500 до 600 ден., 1 кг тиква е 20 ден, бананите се 50 ден., урмите 60ден., а смоквите 40 ден. Денес на пазарот се продаваа и бадникови гранчиња по цена од 10 до 20 ден.

Граѓаните велат дека и покрај немаштијата ќе смогнат сили да го направат адетот за престојните празници.
Инаку рано наутро, на Бадник децата одат по куќи и пеат разни песни пред домаќините. Тие ги симболизираат ангелите, а пеењето по куќи значи дека веста за Христовото раѓање ќе се прошири насекаде.
Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. За време на Бадник се пали и коледарски оган, кој е поврзан со обичајот, наречен Коледица или Коледе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top