Се ситнат деновите до почетокот на новата училишна година. Овој период им создава возбуда на децата пред се на првачињата, но и главоболки на родителите. Сите оние кои имаат првачиња од својот буџет ќе треба да одвојат од 700 до 1500 денари за да го обезбедат само школскиот прибор . Само за илустрација тетратките од А5 формат чинат 60ден., тетратките од А4 формат чинат 30 ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата можат да се купат по цена од 10 до 20 ден. Тука секако треба да се издвојат …
Голем број верници не само од Охрид туку од сите краеви на Македонија и пошироко утрово ја посетија црквата „Света Богородица“ Каменско. Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица. Тие запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем христијански празник кај православните, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што з…
Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:
ТРЕТ ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ
Веќе шест месеци на интерното одделение во охридската болница пациентите закажуваат медицински прегледи кај тројца врвни специјалисти, професори од Клиниката во Скопје. Оваа можност следува по владиниот проект во насока на ублажување на дефицитот од лекари специјалисти во болницата. Со ваквото решение и пациентите и болницата имаат голем бенефит, информира портпаролот на болницата д-р Сашо Василески. Болницата на тој начин го пополнува недостигот од специјалисти, а пациентите заштедуваат време и пари за патување до Скопје, појаснува Василески. „ Професор Тања Чапаровска од пулмолошката …
Студијата за гасификација на Македонија презентирана пред градоначалниците на деветте општини членки на Југозападниот плански регион. Целта на студијата е да се разгледа изводливоста во секое населено место, да се спроведе овој проект што на граѓаните би им овозможил нов енергетски систем, поквалитетен, еколошки почист и далеку поевтин. Изработувач на физибилити студијата е фирмата „Гасификација Инжињеринг“ од Скопје. „Во моментов физибилити студијата е во припремна фаза на собирање на податоци и координација на локалните самоуправи преку центрите за југозападен плански регион. Согледувања…
Како изгледа македонскиот граѓански активизам од прва рака? Изминативе неколку години, неколку јавни прашања кренаа вистинска прашина по што групи на граѓани решија да го изразат своето мислење преку мирни протести.
Некои од граѓанските иницијативи постигнаа позабележителен, некои помалку забележителен успех, но според граѓаните активисти, за жал заедничко за сите нив е дека во јавноста ваквите иницијативи воглавно добиваат етикета дека се политички мотивирани. „Етикетирањето прави огромна штета врз активизмот во Македонија. Во суштина тоа не е одржлива и нормална работа. Јас како граѓански…
Охриѓани со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Тие велат дека и ова лето присутни биле старите проблеми. Повторно имало случаи кога таксистите одбивале да возат на кратки релации, а доколку ги однеселе до саканото место цената која им ја наплаќале ја треселе од ракав.Од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека свесни се за проблемите со такси превозот. Токму поради тоа на самиот старт на сезоната превзедоа низа мерки за воведување ред во такси превозот. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека во текот на летото поради поплаки на граѓаните биле спро…
Бурна расправа на Советот на Југозападниот плански регион. Од предвидените 14 точки од дневниот ред најмногу прашина се крена за права точка „Предлог одлука за избор на раководител на центарот за развој на Југозападниот плански регион“. Дел од градоначалниците сметаа дека оваа точка не е валидна и дека треба конкурсот кој е распишан да се поништи и да се распише нов. Претседателот на Југозападниот плански регион, струшкиот градоначалник Зијадин Села, во име на оние кои бараа поништување на конкурсот го образложува нивниот став. „Направени се некои состаноци, со потписи од една третина од гр…