Возбуда за децата главоболки за родителите

Новата учебна година радост за првачињата, финансиски шок за родителите. Тие ќе треба да одвојат добра сума од својот буџет за да го опремат своето прваче. ПО книжарниците веќе се чуствува предучилишната еуфорија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
knigi
книги

Се ситнат деновите до почетокот на новата училишна година. Овој период им создава возбуда на децата пред се на првачињата, но и главоболки на родителите.  Сите оние кои имаат првачиња од својот буџет ќе треба да одвојат од 700 до 1500 денари за да го обезбедат само школскиот прибор . Само за илустрација тетратките од А5 формат чинат 60ден., тетратките од А4 формат чинат 30 ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата можат да се купат по цена од 10 до 20 ден. Тука секако треба да се издвојат пари и за ножички, блок, тафетпапир, пластелин и др. Во погореспоменатата сума не влегува цената на ранецот. Доколку на вашето прваче сакате да му купите квалитетен ранец ќе ве чини дури 2500 ден. ЗА малку поскромните има ранци и од 1300 ден. деца

При набавувањето на приборот родителите треба многу да внимаваат и на квалитетот и на производителот, вели Димитар Саков, раководителот на книжарницата Просветно дело.  Многу често, се случува наместо да заштедат тие да мораат двојно да платата за еден ист производ, додава тој.

Саков кажува дека првачињата и вторачињата вообичаено со прибор се снабдуваат по започнувањето на школската година, додека останатите ученици веќе се подготвиле за на училиште.

Во книжарниците сеуште ги нема оние вообичаени гужви. Најгусто ќе биде наредната недела. Книжарниците се добро снабдени па нема потреба од нервоза и турканици, велат вработените. На првачињата и останатите ученици им посакуват успешен почеток и убава учебна година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top