Окт 1, 2013

Избрани членовите за општинскиот Извршен и Надзорен одбор на ОО на СДСМ

Годишна изборна општинска Конференција на ОО на СДСМ Охрид. Формирани општинскиот Извршен и Надзорен одбор на СДСМ Охрид.  На Конференцијата која с еодржа синоќа, покрај делегираните претставници од општинската организација, присуствуваа и Генералниот секретар на СДСМ, како и охридските претставници во Извршниот и Централниот одбор на партијата, како и стотина претседатели, координатори и претставници од месните одбори и други општински партиски функции. Во согласност со статутарните одредби, на синоќешниот состанок беа утврдени и усвоени листите со кандидати за членови во општинскиот Изврш…

Окт 1, 2013

Годинава трактори и приклучна механизација преку ИПАРД програмата

Недоволната искористеност на средствата од ИПАРД програмата, благослов за земјоделците. Овој инструмент на Европската унија за претпристапна помош насочен за развој на земјоделството и руралните средини, во земјава стана достапна за нашите земјоделци во 2007та, а завршува токму оваа година. Сепак од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид, велат дека искористеноста на средствата од оваа програма е доста под очекувањата. Токму поради тоа, како дел од ИПАРД програмата, годинава е додадена и набавката на тракторите и приклучната механизација.„Во И…

Окт 1, 2013

Во Охрид успешно се спроведува проектот „ Се грижиме за топол дом“

Троседи и фотелји, фрижидери и машини за перење донирале наши сограѓани за семејствата во социјален ризик. За еден месец охридскиот  Центар за социјална работа учествувал во  посредување и реализиација на 15 донации. Социјалниот работник Мира Врангалоска  која  е дел од тимот за спроведување на проектот, кажува дека примените пријави за донации и потреби се евидентираат во база на податоци. Со нивна помош се прави поврзување на давателите и примачите на донации.„ Во Центарот сме задоволни, соработката е добра меѓу лицата што донираат и бараат донација. Дoнираат добар мебел , покуќнина добро…

Мар 23, 2021

Едно лице го загуби животот во директен судир на две моторни возила кај Арбиново

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа меѓу селата Песочан и Арбиново. Две лица во несреќата се тешко повредени, од кои едно е во критична состојба по директниот судир на две моторни возила што се случи синоќа на автопатот во изградба Охрид Кичево. Во несреќата било опожарено возило за достава кое целосно изгорело. Увид на местото на несреќата извршил Јавен обвинител и екипа на СВР Охрид, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. Граѓаните се почесто ја доживуваат оваа сообраќајница како автопат на смртта заради зачестениот број на несреќи и загубени човечки животи….

Сеп 30, 2013

Изградбата на канализационата мрежа во Лакочереј во полн ек

Eкипите на ЈП „ Нискоградба“  не запираат со изведување на градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј. „Веќе една недела се изведуваат гредажните активности во населбата Радојца Новичиќ, односно на улицата која води до Долно Лакочереј. Се поставува канализациона мрежа во должина од 1300 метри. Со тоа се исполнува ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека конечно оваа приградска населба ќе добие канализациона мрежа за третман на отпадните води. Овој зафат ќе го изведува ЈП Ниско градба со што цениме дека ќе се подобри работата и во ЈП, но и финансискат…

Сеп 30, 2013

Тешката индустрија подалеку од населените места- еколозите на терен собираат потписи

Екологистите почнаа со  собирање потписи за дополнување на Законот за животна средина. Тие  бараат поддршка од  граѓаните за  иницијативата да не се дозволува градење на загадувачка индустрија во близина на населено место. За иницијативата  на македонските еколози да влезе во собраниска процедура треба да соберат 10.000 потписи од граѓаните, кажува Борче Стојаноски од еколошкото друштво Грашница.„Бараме ново изградената тешка индустрија да е подалеку од населеното место барем 5 км. Додека иницијативата влезе во собраниска процедура пратениците тој лимит може да го зголемат или намалат, но н…

Сеп 30, 2013

Нуркачи го чистеа Охридското езеро од цврст отпад

Околу четириесеттина нуркачи од цела Македонија, со заеднички сили го чистеа Охридското Езеро од цврст отпад. Нивната тридневна акција опфати три локации долж брегот на езерото и тоа, зоната кај Лагадин, Десарет и пред градското пристаниште. Нивната акција е воедно дел и од вториот глобален подводен ден на заштита и чистење. Годинава, акцијата која е во организација на Глобалната подводна асоцијација, и со дополнителна цел, обид да се влезе во Гинисовата книга на рекорди со истовремено учество на нуркачи од 80 земји во светот во чистење на водите. „Ние се трудиме постојано да бидеме присутн…

Сеп 30, 2013

Бесплатни превентивни прегледи за светскиот ден на срцето

Со бесплатни превентивни прегледи на крвен притисок, ЕКГ слика и ризик за кардиоваскуларни заболувања, на градскиот плоштад беше одбележан Светскиот ден на срцето. Годинава под мотото „Тргни кон здраво срце“, светскиот ден на срцето  беше организиран од страна на Институтот за јавно здравје, а поддржан од локалната самоуправа во Охрид и секако Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид чии екипи ги спроведуваа превентивните прегледи. Граѓаните воодушевени од акцијата и можноста да добијат бесплатен совет за здраво срце.„Јас секој месец одам на прегледи, јас сум дијабетич…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top