Петнаесетгодишна пациентка од селото Селце, Тетовско, починала денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство со голема жалост.
Пациентката со многу тешка клиничка слика била донесена на Инфективната клиника откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, а пациентката била со обезитас, соопшти Министерството.
Како што додаваат оттаму, според епидемиолошкат…
На Клиниката за урологија утрово во осум часот по раководство на доктор Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлантацијата од починат донор, информираат од Министерството за здравство.
Тимовите на доктор Сотир Ставридис и доктор Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубрег и коскени ткива од 28-годишен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22-годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни з…
Со авион на компанијата „Камаир“ синоќа преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја. Веднаш по слетувањето жена во 39-тата недела бременост, нејзиниот сопруг и дете со возило на Итната помош беа однесени на Гинеколошката клиника во Скопје за контрола. Со друго возило беше спроведено лице за кое најверојатно станува збор за колапс.
Солидарноста што ја најавувавме неколку дена денеска им ја даваме на оние на кои им е најпотребна. Пристигна првата група од 149 граѓани од Авганистан за кои државата…
Има тренд на опаѓање на бројките на новозаразени со коронавирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи очекување дека ќе продолжи да спласнува овој бран на епидемијата.
Тој рече дека се намалува и факторот на преносливост на вирусот, а посочи дека почнува да се смирува и ситуацијата во Тетово.
Имајќи ги предвид досегашните искуства со претходните бранови на ковид-19, очекуваме да продолжи трендот на опаѓање на бројките на ново заразени, кој е присутен веќе неколку денови наназад. Денеска имаме под 900 новозаразени, а факторот на преносливост е намален под еди…
Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид ќе биде означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.
Како што соопшти владината прес-служба, на почетокот на изградба на овој капитален објект ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а обраќања ќе имаат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за енергија и индустрија на Албанија Илир Бејта, генералниот директор на Електропреносниот систем оператор на Албанија, Скерди Дренова, како и Куш…
Од Министерство за здравство за 24 годишниот пациент од Ресен кој почина како последица на Ковид-19 велат дека тој на инфективното одделение во болницата во Битола бил примен на 24 август како суспектен на болеста. Пациентот, според министерството, имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, притоа тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка.
Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и пот…
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се кандидира за втор мандат, но овојпат како независен кандидат. Тој ја потврди информрацијата за „360 степени“ и вели дека процедурата за собирање на потписи е отпочната.
Благодарен сум што кумановци излегуваат да се потпишат за мојата независна кандидатура, процедурата е отпочната, а во текот на денот ќе одржам и прес-конференција со повеќе детали – изјави Димитриевски.
Засега, неизвесно е дали СДСМ ќе застане со поддршка зад неговата кандидатура или ќе излезе со ново име за кандидат за градоначалник.
Според најавите, …
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.982 тестирања, а регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19.
Во последните 24 часа се пријавени 27 починати ковид-пациенти на возраст од 45 до 85 години. Во истиот период од вкупно 5 982 тестирања регистрирани се нови 1 082 случаи на ковид, а оздравени се 492 пациенти.
Од починатите лица седум се од Скопје на возраст од 60 до 84 години, шетмина се починати во Тетово на возраст од 60 до 85, петмина од Гостивар на возраст од 47 до 72, три лица од Кичево на возра…