Санкт Петербург – Скопје
Сеп 21, 2021
ТАВ Македонија

Денеска стартува летот Санкт Петербург – Скопје

Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз. На 4-ти јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва – Скопје кои наскор…

Сеп 21, 2021
Ковид 19

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале 12.062 македонски граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин…

ДИК
Сеп 18, 2021
Избори 2021

Истекува рокот за потврдување на кандидати за градоначалници и советници

Денеска истекува рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално треба да ги потврдат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје. Tака потврдените листи ОИК ги доставуваат до Државната изборна комисија (ДИК), која најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за нивниот редослед на гласачките ливчиња. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огла…

Пожар во болницата во Тетово
Сеп 17, 2021
Ковид 19

Четворица полицајци повредени во протестот во Тетово

Во Тетово денеска се одржа протестен марш од кој учесниците побараа одговорност поради 14 загубени животи при пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември. Собирно место беше градскиот плоштад во Тетово, каде се обрати Бељуљ Бељуљи, кој рече дека е дојден затоа што неговата сестра настрадала во пожарот и затоа „бара одговорноста од целата Владата и градоначалничката” на Тетово, затоа што, според него, било одобрена работа на болницата без потребната документација. Да не не лажат да изгорат уште луѓе. Сакаме побрзо да се дознае. Мене сестра ми ми изгоре. Да умреше од…

Мар 4, 2022
Економија

„Макпетрол“ ќе продолжи да работи без застој и рестрикции

Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на којашто има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што подразбира и работа со загуба, информираат од „Макпетрол“. Имајќи ја во предвид долгогодишната традиција и професионални капацитети, компанијата и во овие особено тешки и комплексни услови ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат. „Макпетрол“, сепак, потсетува дека набавката на гориво во…

Попис 2021
Сеп 17, 2021
Попис 2021

Попишани вкупно 800.008 лица

Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Сеп 17, 2021
Ковид 19

Бугарија донираше 50 000 вакцини „Фајзер“ за Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека земјата вчера ја примила донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија. Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност – напиша Османи на Твитер. Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија. Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите не било тогаш извршена.

Премиер Зоран Заев
Сеп 16, 2021
Политика

Заев не размислува за оставка

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не размислува да даде оставка. Неговиот коментар доаѓа по вчерашното барање да си поднесе оставка од претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Заев вели дека во изјавата на Села да си даде оставка од морална причина, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите. Заев денеска беше во посета на нова фабрика во Сарај. Во однос на понудените оставки за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, премерот рече дека нема дополнителен коментар. Тој останува на ставот дека прво ќе ги причека форензичките извештаи. Лидер…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top