Јул 1, 2009

Германија повика на итно решавање на спорот за името

Македонија и Грција треба итно да го решат прашањето за името, порача државниот министер во германското министерство за надворешни работи, Гернот Ерлер.- Политичарите во двете земји треба да создадат услови за заеднички прифатливо компромисно решение, рече германскиот дипломат и ги охрабри Скопје и Атина да се стремат кон решение, јавува Макфакс.Ерлер коментарите за името ги даде во контекст на македонското приближување кон Европската унија на конференција за релациите меѓу Унијата и Западниот Балкан во вторникот во Берлин. Тој потсети дека Македонија се стреми да започне преговори за членс…

Јун 30, 2009

Македонија доби апарат за идентификација на грип

Во Македонија пристигна новиот апарат „Real time PCR“ со кој ќе може да се индентификува новиот грип од типот А (H1N1). Апаратот ќе биде инсталиран во лабораторија на Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ), а во наредните неколку дена ќе се одвива обука на здравствениот кадар кој ќе работи со него.Директорот на РЗЗЗ Азис Положани изјави дека со набавката на апаратот Република Македонија целосно ќе го заокружи проблемот на дијагностицирање на оваа патологија.- Со ова потврдуваме целосно подготвеност на државата од овој аспект да се справи со пандемијата на новиот грип од типот А (H…

Фев 5, 2022

Првиот лет Софија – Скопје на 11 февруари

„Првиот лет од Софија до Скопје пристигнува на 11 февруари, каде бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Николај Сабев, придружуван од бугарските тур-оператори, ќе оствариме заедничка средба и ќе разговараме за отворање на нови можности за нашите граѓани и за воспоставување на авиолинијата Скопје – Софија како редовна,“ истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Министерот Бочварски очекува оваа авиолинија да ги поврзе двата главни градови и да започне редовно да оперира од почетокот на месец март. Тур – операторите …

Јун 30, 2009

Последен ден за пријавуваање во средните училишта

Второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Македонија денеска завршува, прелиминарните резултати се очекуваат утре.Вкупно 19 302 слободни места има за во второто пријавување во првиот уписен рок во Македонија. На македонски наставен јазик има 10 391 слободно место, на наставен албански јазик има 8083 слободни места, за наставата на турски јазик има 693 слободни места, како и 135 слободни места за повторувачите. Во Град Скопје, има 5113 слободни места. За наставата на македонски јазик има 1962 слободни места, 2822 а албански наставен јазик, додека 214 слободни места има…

Јун 29, 2009

Свинскиот грип и кај нас?!

Високосомнителен случај на пациент заразен со новиот грип А H1N1 регистриран е во Македонија, но за официјална потврда ќе се чека резултатот од лабораторијата во ЛондонОва денеска на прес конференција во Скопје го соопшти министерот за здравство Бујар Османи, нагласувајќи дека нема место за паника.Се работи за дете на четиригодишна возраст, кое беше хоспитализирано во сабота на клиниката за Инфективни болести во Скопје, поради симптоми слични на новиот грип H1N1. Детето деновиве допатувало во Прилеп од Австралија преку Лондон. {loadposition content9}

Јун 29, 2009

Светското диригентско чудо Илич Ривас вечер на Скопско лето

Шеснаесетгодишниот Илич Ривас од Венецуела,  кого критиката го нарекува „светско диригентско чудо од дете“, вечер во Македонската опера и балет ќе го води Младинскиот оркестар на КултурОп во рамки на фестивалот Скопско лето.На програмата се дела од Верди, Чајковски и од Менделсон, а како солист ќе настапи виолинистот Климент Тодоровски.Ривас во Македонија гостува на покана на Симон Трпчески кој на прес-конференција по повод настанот истакна дека е импресиониран од својот млад пријател, од неговиот, како што рече, природен, нормален, спонтан однос и од „човечка димензија многу важна во музиц…

Мар 29, 2020

18 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА – ПОЧИНАА ДВЕ ЛИЦА ОД КОИ ЕДНО НА 31 ГОДИШНА ВОЗРАСТ

Две лица кои беа заболени од коронавирусот утрово починале на Клиниката за инфективни болести, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Едниот пациентите бил на возраст од 91-година и бил примен на Клиниката пред осум дена, додека вториот починат имал 31-година. На 31-годишниот скопјанец вчера наеднаш му се влошила состојбата и тој влегол најтешката форма на болест позната во литературата, бил исто така пациент кој имал вишок на килограми и како што рече Филипче, со внатрешно крварење, кај него дошло до распад на белите дробови. Вкупната бројка на починати во Македонија се иск…

Јун 27, 2009

Милошоски на состанок на ОБСЕ

Министерски состанок на земјите членки на ОБСЕ, на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, се одржува денеска и утре на грчкиот остров Крф.Ова, како што пренесува Макфакс, ќе биде прв состанок од ваков тип во рамките на ОБСЕ и на истиот се очекува шефовите на дипломатиите и други претставници на 56 држави членки да дискутираат за прашања поврзани со современите безбедносни предизвици со кои се соочува Европа.Меѓу нив и за потребата од зајакнување и унапредување на постоечките европски безбедносни аранжмани и структури и изнаоѓање на начини и механизми за брз …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top