Последен ден за пријавуваање во средните училишта

Второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Македонија денеска завршува, прелиминарните резултати се очекуваат утре.

upis
упис

Второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Македонија денеска завршува, прелиминарните резултати се очекуваат утре.

Вкупно 19 302 слободни места има за во второто пријавување во првиот уписен рок во Македонија. На македонски наставен јазик има 10 391 слободно место, на наставен албански јазик има 8083 слободни места, за наставата на турски јазик има 693 слободни места, како и 135 слободни места за повторувачите.

upisВо Град Скопје, има 5113 слободни места. За наставата на македонски јазик има 1962 слободни места, 2822 а албански наставен јазик, додека 214 слободни места има за турски наставен јазик. За повторувачите има 115 слободни места.

За гимназиско образование има 5412 слободни места во Македонија, од кои 1143 во Скопје.

Во стручното образование во Македонија има 13 890 слободни места. Во Скопје за стручното образование во второто пријавување во првиот уписен рок има 3970 слободни места.

По првото пријавување во првиот уписен рок уписот е завршен во: СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола, СОУ „Јане Сандански“ –Битола, СУГС „Орце Николов“ –Скопје, СУГС „Никола Карев“ – Скопје, СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје (македонски наставен јазик), СУГС „Ѓорѓи Димитров“ – Скопје (гимназиско образование), СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top