Милошоски на состанок на ОБСЕ

Министерски состанок на земјите членки на ОБСЕ, на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, се одржува денеска и утре на грчкиот остров Крф.

Antonio Miloshoski
Антонио Милошоски

Министерски состанок на земјите членки на ОБСЕ, на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, се одржува денеска и утре на грчкиот остров Крф.

Ова, како што пренесува Макфакс, ќе биде прв состанок од ваков тип во рамките на ОБСЕ и на истиот се очекува шефовите на дипломатиите и други претставници на 56 држави членки да дискутираат за прашања поврзани со современите безбедносни предизвици со кои се соочува Европа.

KrfМеѓу нив и за потребата од зајакнување и унапредување на постоечките европски безбедносни аранжмани и структури и изнаоѓање на начини и механизми за брз и ефикасен заеднички одговор на можните закани по мирот и стабилноста на државите од европскиот континент.

Состанокот ќе се одвива на три главни теми и сесии, 1. сеопфатна и неделива безбедност-потврда на постигнувањата и разгледување на перспективите, 2. обновување и зајакнување на меѓусебната доверба и разбирање-преоценка на заканите предизвиците и 3. зацврстување на соработката во Европа – промовирање на безбедноста во Европа.

Засега нема потврда дали министерот Милошоски, на маргините на состанокот на Крф, ќе се сретне со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани.

Се очекува Милошоски на Крф да слета со владиниот „лирџет“, на кој е испишано уставното име на државата, што од страна на грчките националисти беше оценето како слабост на Грција.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top