Македонија доби апарат за идентификација на грип

Во Македонија пристигна новиот апарат „Real time PCR“ со кој ќе може да се индентификува новиот грип од типот А (H1N1).

detektor
детектор

Во Македонија пристигна новиот апарат „Real time PCR“ со кој ќе може да се индентификува новиот грип од типот А (H1N1).

Апаратот ќе биде инсталиран во лабораторија на Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ), а во наредните неколку дена ќе се одвива обука на здравствениот кадар кој ќе работи со него.

Директорот на РЗЗЗ Азис Положани изјави дека со набавката на апаратот Република Македонија целосно ќе го заокружи проблемот на дијагностицирање на оваа патологија.

– Со ова потврдуваме целосно подготвеност на државата од овој аспект да се справи со пандемијата на новиот грип од типот А (H1N1), посочи Положани.
Директорот на Клиниката за инфективни болести д-р Звонко Миленковиќ истакна дека здравствената состојба на четиригодишното дете од Австралија со привремен престој во Прилеп кое во петокот беше примено на Клиниката и е позитивно на вирусот од групата А, е стабилна.
Резултатите од референтната лабораторија во Лондон за три до четири дена, треба да го потврдат поттипот.

– Констатирано е подобрување и се очекува болеста да се повлече. Во оваа фаза третманот комплетно се спроведува, а и сите тесни контакти се покриени со хемиопрофилакса за да се спречи евентуално ширење на вирусот, изјави д-р Миленковиќ.

detektorТој посочи дека не може да се тврди дека болеста нема да се прошири и да зафати поголем број случаи. Напротив, додаде д-р Миленковиќ, очекуваме тоа навистина и да се случи, и ќе поминеме во следна фаза на мерки.
Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести изјави дека хоспитализирањето на четиригодишното дете на Клиниката за инфективни болести и неговата мајка, како и уште десет случаи претходно, се во рамки на редовниот надзор кој се прави во државата со цел навремено откривање на евентуално заболени лица.

Активностите продолжуваат и натаму. Здравствениот систем во државата е подготвен за одговор и на поединечни случаи и на евентуална пандемија. Сите здравствени институции се спремни по однос на едукација на кадар, потребни заштитни средства и лекови за евентуален одговор. Нема место за паника. На граничните премини екипи вршат надзор. Во секој момент сме подготвени да одговориме и на евентуална појава на поголем број случаи, истакна Костовска, додавајќи дека се преземени сите неопходни мерки.

Во Прилеп вчера, како што рече таа, уште еднаш била направена дезинфекција на хотелот и на сите простории во здравствените установи каде се движеле или престојувале лицата. – Исто така е дадена хемиопрофилакса со тамифлу на бабата на детето кое е хоспитализирано, на неговото седумгодишно братче, лицата од семејствата каде биле на гости и на здравствените работници кои биле во непосреден контакт. Нови заболени нема, потенцира Костовска.
Населението во Република Македонија, појасни таа, треба да ги почитува и натаму превентивните мерки како што се одржување на личната хигиена која е многу битна, редовно миење раце со кои доколку се нечисти, не треба да се допира носот, очите и устата.
– Доколку некој добие симптоми, треба да кива и кашла во марамче за да спречи пренос на инфекција на други лица и веднаш да се обрати преку телефон кај матичен лекар или во Заводот за здравствена заштита, додаде Костовска.
Симптомите на новиот грип од типот А (H1N1) се слични со симптомите на обичен грип и вклучуваат: зголемена телесна температура, кашлање, зацрвенето грло, малаксаност, главоболка, болки низ телото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top