Јан 29, 2010

Какви ефекти ќе има увозот на постари возила

Иницијативата за поместување на старосната граница за увоз на возила постари од 10 години ќе предизвика повеќе негативни ефекти што ќе ја засегнат државата и граѓаните и ќе ја намали развојната компонента на пазарот на нови возила, смета Групацијата на импортери на моторни возила.Tие во анализата испратена до премиерот Никола Груевски посочуваат дека најавените измени во Правилникот не ги засегнуваат многу зашто целната група потрошувачи кои сакаат да купат нов автомобил секако ќе го сторат тоа. – Сметаме дека овој предлог ќе ја намали развојна компонента на пазарот на нови возила, пишува, …

Јан 29, 2010

Средба Милошоски-Клинтон

На кусата блиц – средба Милошоски и Клинтон дискутирале за придонесот на Република Македонија во ИСАФ Мисијата на НАТО во Авганистан, а размениле и мислења за разговорите помеѓу Македонија и Грција во врска со билатералниот спор околу името. Попладнево во Лондон се очекува министерот Милошоски да оствари средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас на која ќе се разговара за прашањето за името. Двајцата ќе разговараат и за иницијативата за отворање нов граничен премин кај Маркова нога, за укинување на двојното оданочување, како и за подигнување на нивото …

Јан 28, 2010

Снегот не изненади….пак

Снегот и ниските температури што изминатата ноќ ја зафатија Македонија го отежнаа сообраќајот во целата земја, поради што во некои делови е задолжителна употребата на зимска опрема.Во Скопје беше отежнато одвивањето на сообраќајот во вечерните часови, кога поради ниските температури се формираше помала снежна покривка и на коловозите, а беа предизвикани и неколку помали сообраќајни незгоди, во кои беше причинета само материјална штета.Екипите на „Улици и патишта“ интервенираа со посипување на сол на сите главни сообраќајници, а истото беше направено и рано утрото, поради што немаше поголем…

Јан 27, 2010

Средба Милошоски – Друцас ќе има

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски се најде во агендата на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас за претстојната конференција во Лондон.    Според синоќешното соопштението од грчкото МНР, денеска Друцас ќе се сретне со Милошоски на маргините од меѓународната конференција посветена на Авганистан, што во Лондон ќе се одржи на 28 јануари.Средбата доаѓа по минатонеделната покана испратена од македонската страна.{loadposition content9}   

Јан 27, 2010

ЕП ќе се произнесе за датум за Македонија

Европскиот парламент в среда ќе гласа по амандманите на Извештајот за Македонија, со кои се бара во март оваа година Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.Амандманите  се поднесени  од страна на словенечкиот европратеник Зоран Талер, а со нив се повикува Брисел да асистира во преговарачкиот процес за спорот околу името.Македонија во декември доби препорака за отпочнување на претпристапни преговори, но не и беше одреден точен датум поради спорот со Грција околу името на државата.Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере вчера во своето излагање во Европскиот п…

Јан 22, 2010

Љубе Трпески излезе од затвор

Љубе Трпески, екс гувернерот на Народна банка, доцна синоќа бил пуштен на слобода од затворот Идризово.По еден месец минат таму, врховниот суд ја уважил жалбата на адвокатот Никола Поленак и ги укинал пресудите од Основниот и Апелациониот суд предметот ќе биде вратен на повторно судење.Трпески претходно доби казна од 4,5 години затвор за злоупотреба на службена положба – тој на фирми на смиленски префрлил 40 милиони долари за купување на државни обврзници.Методија Смиленски е префрлен во истражниот затвор во Шутка.{loadposition content9}

Јан 22, 2010

Шпинделегер во официјална посета на Македонија

Шпинделегер, кој утре доаѓа во Скопје, не прецизира дали на средбата со Друцас станало збор за неговата понуда од пред неколку дена да посредува во решавањето на спорот за името меѓу Грција и Македонија. Посочи само дека 2010 е клучна година во која треба да бидат надминати сите пречки за приближувањето на Балканот кон ЕУ. Тој во понеделникот во интервју за австриската ддржавна телевизија ОРФ, изјави дека Виена сака да се понуди како медијатор за името и оти е уверен оти решение за проблемот ќе се најде уште во текот на пролетта, а оваа година „ќе има конкретни резултати“ во соработката на …

Јан 21, 2010

Шпанскиот премиер се надева на брзо решение на спорот за името

Балканот паѓа во втор план на шпанското претседателство со ЕУ, иако е меѓу приоритетите. Шпанија сепак се надева дека ќе биде најдено брзо решение за спорот со името, што е пречка за евроинтеграцијата на Македонија. Иако евроинтеграцијата на Балканот официјално се наоѓа запишана во приоритетите на шпанското претседателство со Европската унија, шефот на шпанската влада, Хозе Луис Запатеро, во официјалното претставување на неговата програма пред европратениците во Стразбур, воопшто не ја спомена. На прашањето дали шпанското претседателство предвидува посебна иницијатива за регионот, Запатеро…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top