Фев 23, 2010

Нимиц денеска на разговори во Скопје

Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името, Метју Нимиц денеска попладне пристигнува во Скопје на разговори со македонскиот државен врв. Нимиц во Скопје ќе престојува два дена при што ќе има одвоени средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.Засега нема информации дали медијаторот при посетата на Скопје и Атина носи и нови предлог решенија за спорот за името. Вчера македонскиот државен врв одржа координативен состанок во претседателска вила. Милошоски изјави дека на состанокот бил разгледан извеш…

Фев 22, 2010

Патот Битола-Ресен по една коловозна лента

Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот Св. Јован Бигорски се одвива со повремени кратки застои и е дозволен само за патнички возила, додека за тешките товарни возила има забрана за движење во двете насоки. Авто-мото сојузот на Македонија информира дека екипите на Македонија пат работат на расчистување на одроните.Само по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патниот правец од Ресен кон Битола на искачување кон планинскиот превој Ѓавато поради лизгање на земјиштето. Сообраќајот се одвива во спротивен правец само за патнички возила, додека за  тешките т…

Фев 22, 2010

Блиц: Лажна дојава на бомба ја прекина српската вечер во Македонија

Традиционалната српска вечер во Македонија, “Србите и пријателите” завчеравечер беше прекината по дојава за бомба, откако неидентификуван маж се заканил дека ќе ја активира доколку на средбата се појави српскиот егзарх Јован Вранишковски.Ова го пишува српскиот весник Блиц во своето денешно издание, додавајќи дека за властите во Скопје враќањето на владиката Јован во Македонија е неприфатливо.Пред околу 20-ина дена, владиката Јован за првпат по неговото враќање во Македонија се појави на прославата на српскиот празник Света Сава што се одржа во Драмскиот театар и предизвика низа реакции како…

Фев 20, 2010

Свлечиштето во општина Вевчани е санирано

Свлечиштето во општина Вевчани е санирано, состојбата е стабилизирана, соопштуваат денеска од министерството за транспорт и врски. Одронот бил регистриран синоќа, неговиот размер бил со широчина од 150 до 200 метри и висина од околу два метри.Во расчистувањето била употребена механизација е направен импровизиран канал со кој наносите од црвен песок со вода се спроведуваат до одводен канал. Вклучената механизација и ангажираните екипи за санирање на состојбата се се уште на теренот и работат.Се работи за одрони од трусно подрачје во место викано Крепо, кое се наоѓа во близина на свлечиштето …

Фев 20, 2010

Се излејаа Црна Река и Треска

Половина од површините кои  беа поплавени од Црна Река се одводнети, но реката почна да се излева кај демирхисарските села Единаковци, Света и Бучин, соопшти Центарот за управување со кризи.Реката Треска, пак, е излеана од своето корито во атарот на селата Пласница и Лисичани. Поплавени се површини од околу 10 хектари (ливади и необработена земјоделска површина), а делумно е поплавен и дворот на ОУ „Мирче Ацев“ во с.Лисичани. Не се загрозени други објекти и друга инфраструктура. Излевање на Треска има и во Македонски Брод. Одржана е работна средба меѓу ракодителите на Регионалниот центар з…

Фев 20, 2010

Одрони во Вевчани и кај Македонски Брод

Одрон земја широк меѓу 150 и 200 метри и висок два метра синоќа се урнаа во Вевчани, на потегот од игралиштето кон Здравствениот дом, информира Центарот за управување со кризи.Стотина жители на Вевчани преземаат мерки за заштита на просторот, а вклучена е и машина за расчистување на одронот. Забележано е движење на голема количина вода, кал, камења и друг материјал. Со наносите се загрозени два станбени објекта, а постои опасност и за Здравствениот дом. Регионалниот центар за управување со кризи од Струга ги извести службите во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување во Стр…

Фев 19, 2010

Eврокомесарот Фуле во посета на Македонија

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Фуле, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија, во рамки на која ќе оствари средби со државниот врв.Фуле ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски и од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.  Предвидено е тој да се сретне и со лидерите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.Се очекува на средбите да стане збор за евроинтеграцијата на Македонија, а во тој контекст и за грчкото условување на стартот на преговорите за членство со претходно …

Фев 18, 2010

Бучковски му се извини на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на СДСМ Владо Бучковски денеска се извини за навредите кон членови на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на собраниската Комисија за здравство. Претходно, извинување од него побара координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Силвана Бонева.„Жалам за нивото на вчерашната дискусија и за атмосферата која беше пренесена и на мене. Три дена да се брани со аргументи еден предлог и од време на време да има провокации, покажува дека и пратениците па и јас, сме луѓе од крв или од месо и оти не се роботи.-Ако некој се почувствува повреден со тоа што го кажав за ВМРО-ДПМНЕ, за тоа м…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top