Одрони во Вевчани и кај Македонски Брод

Одрон земја широк меѓу 150 и 200 метри и висок два метра синоќа се урнаа во Вевчани, на потегот од игралиштето кон Здравствениот дом, информира Центарот за управување со кризи.

 |  Маја Савиќ  | 
odron
одрон

odron na patОдрон земја широк меѓу 150 и 200 метри и висок два метра синоќа се урнаа во Вевчани, на потегот од игралиштето кон Здравствениот дом, информира Центарот за управување со кризи.

Стотина жители на Вевчани преземаат мерки за заштита на просторот, а вклучена е и машина за расчистување на одронот. Забележано е движење на голема количина вода, кал, камења и друг материјал.

Со наносите се загрозени два станбени објекта, а постои опасност и за Здравствениот дом. Регионалниот центар за управување со кризи од Струга ги извести службите во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување во Струга за навремено преземање соодветни мерки за справување со состојбата.

Одрон е забележан и на локалниот пат кон с. Слатина, општина Македонски Брод, поради што дојде до прекин на сообраќајот кон селата Слатина, Долно и Горно Крушје. На расчистување на одронот работат екипи на Дирекцијата за заштита и спасување од Македонски Брод, а ангажирана е и една машина од ЈП „Водовод и канализација“ од Македонски Брод. Засега патот се уште не е прооден.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top