Патот Битола-Ресен по една коловозна лента

Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот Св. Јован Бигорски се одвива со повремени кратки застои и е дозволен само за патнички возила, додека за тешките товарни возила има забрана за движење во двете насоки.

 |  Маја Савиќ  | 
Bitola_Resen
Битола-Ресен

Bitola_ResenСообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот Св. Јован Бигорски се одвива со повремени кратки застои и е дозволен само за патнички возила, додека за тешките товарни возила има забрана за движење во двете насоки.

Авто-мото сојузот на Македонија информира дека екипите на Македонија пат работат на расчистување на одроните.

Само по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патниот правец од Ресен кон Битола на искачување кон планинскиот превој Ѓавато поради лизгање на земјиштето. Сообраќајот се одвива во спротивен правец само за патнички возила, додека за  тешките товарни возила има забрана за поминување  во обата правци. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајна внимателност.

На патниот правец Катланово – Велес одроните се расчистени и  проодно е за сите видови на возила. АМСМ препорачува да избегнуваат претекнување на овој дел од патниот правец бидејќи не се исклучува можноста за нови одрони.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top