Бучковски му се извини на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на СДСМ Владо Бучковски денеска се извини за навредите кон членови на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на собраниската Комисија за здравство. Претходно, извинување од него побара координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Силвана Бонева.

 |  Маја Савиќ  | 
Buckovski Vlado
Бучковски Владо

Buckovski VladoПратеникот на СДСМ Владо Бучковски денеска се извини за навредите кон членови на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на собраниската Комисија за здравство. Претходно, извинување од него побара координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Силвана Бонева.

„Жалам за нивото на вчерашната дискусија и за атмосферата која беше пренесена и на мене. Три дена да се брани со аргументи еден предлог и од време на време да има провокации, покажува дека и пратениците па и јас, сме луѓе од крв или од месо и оти не се роботи.

-Ако некој се почувствува повреден со тоа што го кажав за ВМРО-ДПМНЕ, за тоа може да се извинам, а за тоа Влатко Ѓорчев што го кажа, нему лично немам намера да му се извинувам“, изјави Бучковски за вчерашната дискусија на Комисијата за здравство.

Претходно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку координаторот Силвана Бонева побара пратеникот Бучковски да се извини за неговото, како што рече таа, вчерашно „недолично, неприфатливо и бесрамно однесување“ на Комисијата за здравство, а од неговата партија СДСМ да се огради од неговото однесување.

„Се срамам да ги повторам навредите што беа искажани на Комисијата, навредите што беа упатени не само кон колегите од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, туку и кон сите членови на партијата. Ќе ги добиете стенограмите од кои јавноста јасно може да види како не треба да се однесува избран функционер од граѓаните на Република Македонија“, изјави Бонева.

„Во Собранието на Република Македонија потребна е достоинствена дебата со соочување на аргументи на парламентарното мнозинство и на опозицијата“, додаде Бонева.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top