Рамковниот договор, на 13 август 2001 година, по повеќедневни проеговори во Охрид, беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери. Во својство на гаранти, документот го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Со договорот беше поставена рамка за унапредувања на правата на етничките заедници во Македонија, за унапредување на меѓуетничкиот соживот и за евроатланската перспектива на з…
Утре ќе започне скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебрца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, – информираат од Министерството за здравство.
Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.
Целта на скринингот е рано детек…
Роверот “Кјуриосити“ на неговото истражување на планетата Марс со себе го однесе и имињата на вкупно 4.227 македонски државјани, кои навреме ги испратиле своите податоци до Американската агенција за вселенски истражувања – НАСА.
Во чипот на “Кјуриосити“ пред неговото полетување од Земјата беа впишани 1.246.445 имиња на луѓе од над 240 земји во светот. Најголем дел од нив, повеќе од 500 илјади се Американци, а по нив следуваат Британците и Индијците.Според со имињата на лица од земјите од нашето соседство, можеме да се пофалиме дека на Марс сме најбројни. Од Бугарија своите имиња ги испратил…
Во рамки на одбележувањето 45 години македонска црковна автокефалност, денеска, Македонската православна црква ги прогласи за свети тројцата свештеномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј кои пострадале за верата Христова во 1558 година.Светата архијерејска литургија се одржа во манастирскиот компкекс „Св. Богородица Пречиста“ кај Кичево.На Малиот вход првпат беше изнесена иконата на светите Пречистански преподобномаченици со која архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги благослови присутните верници. Тој ги освети и темелите на новиот манастирски конак со параклис посветен на Преподо…
Годинава Македонија слави 109 години од Илинденското востание и 68 години од Првото заседание на АСНОМ.
Во чест на големиот македонски државен празник, висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за одбрана Фатмир Бесими, положи цвеќе пред спомениците на истакнатите македонски дејци.Покрај владината делегација на Илинденците и борците од НОБ почит им оддадоа и Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Делегацијата на Кабинетот на Претседателот на Републи…
На гробиштата во струмичкото планинско село Рич, денеска ќе бидат погребани телата на Блажо (50) и Пено (46) Стојанови, работници на ЈП „Македонски шуми” -шумско стопанство „Беласица”, кои настрадаа во гаснењето на пожарот во понеделникот над Струмица.Општина Струмица денеска прогласи Ден на жалост за несреќно загинатите.- Сочувствуваме и ја делиме болката со семејствата на трагично загинатите наши сограѓани, кои и по цена на нивните животи се жртвуваа во гаснењето на огнената стихија. Во истовреме нашите молби се за заздравување на преостанатите тројца наши сограѓани,кои се на лекување во…
Полицијата го откри лицето кое го предизика пожарот во Струмица, во кој со повреди се здобија 14 лица, од кои две починаа.Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Струмица станува збор за 24-годишната струмичанка Е.М. против која ќе биде поднесена кривична пријава за предизивикување општа опасност.Девојката пред два дена меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеала, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано „Ч,млк“ над Струмица.Со изгорениц…
Времето во Македонија во наредните четири дена ќе биде сончево и многу топло.За време на викендот во јужните делови од Републиката температурата ќе достигне и до 38 степени. Утре температурата ќе се движи од 28 до 35 степени. Од денес до вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе услови претежно сончево и многу топло време.Температурата на воздухот во поголемиот дел од земјата ќе биде над 30 степени, а во јужните делови и до 38 степени.Утре дневната температура ќе се движи од 30 до 38 степени, а во недела до 36.Министерството за здравство апелир…