Тропски топлотен бран во Македонија

Од денес до вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе услови претежно сончево и многу топло време.

 |   | 
toplo vreme
топло време

Времето во Македонија во наредните четири дена ќе биде сончево и многу топло.

За време на викендот во јужните делови од Републиката температурата ќе достигне и до 38 степени. Утре температурата ќе се движи од 28 до 35 степени.

toplo vremeОд денес до вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе услови претежно сончево и многу топло време.

Температурата на воздухот во поголемиот дел од земјата ќе биде над 30 степени, а во јужните делови и до 38 степени.

Утре дневната температура ќе се движи од 30 до 38 степени, а во недела до 36.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да внимаваат за да не дојде до последици за нивното здравје, посебно на ризичните групи им се препорачува да ги почитуваат општите мерките за превенција од топлотни бранови и заштита на здравјето, како што се избегнување директна изложеност на сонце особено во периодот од 11-16 часот, консумација на лесна храна и течности, носење светла и лесна облека, а повозрасните и хронично болните лица навремено да ја примаат препорачаната терапија од матичниот лекар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top